+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе низ практичен пример Ве потсетуваме на обврските кои произлегоа од Законот и од Правилникот и начинот на кој ќе се достави Евиденцијата и уплатата на надоместокот во корист на Министерството за животна средина до 15 јануари 2022 година…

Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, Ве известува дека е отворена наменска трезорска сметка во рамките на Единствената трезорска сметка, преку кои ќе се врши уплата на паричните средства за надоместок за промет со биоразградливите кеси што согласно Законот за управување со пакување и отпад од пакување од 1 декември 2021 година треба да се уплаќаат на квартална основа…

Во написот кој можее да го симнете со кликнување подолу на преземи, преку повеќе практични примери, ќе Ве запознаеме со условите и начинот на влегување во системот за плаќање на данок на вкупен приход по годишна сметка за 2021 година…

Во Собранието на Република Македонија во постапка на донесување е Предлог – Закон за именување и дополнување на Законот за платниот промет. Со предложените измени на Законот се предлага на фирмите кои имаат блокирани сметки да можат меѓусебното намирување на паричните обврски и побарувања преку компензација, асигнација, цесија и преземање на долг да го вршат до 31 Декември 2022 година…

Примената на одредбите од измените на Законот за трговија за уплата на надоместок во висина од 2% од вкупниот приход остварен во ден недела, како и на државни празници и други празници во 2022 голина е од 1 јануари 2022 година, што значи уплатата на надоместокот ќе се изврши на образец (ПП50), до 15 јануари 2023 година…

Иако Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност беше ставен на 57-мата седница на Собранието на РСМ за усвојување истиот не беше усвоен до 31 Декември 2021 година. Со тоа де факто до денес не се донесени ниту предлог измените на Законот за ДДВ со кои беше предложено зголемување на прагот за регистрација за целите на ДДВ од 2.000.000 денари на 3.000.000 денари. Имајќи во предвид дека рокот за регистрација и дерегистрација за ДДВ истекува на 15 јануари 2022 година (во овој рок не е закажано/планирано седница на Собранието на РСМ) во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на обврската за задолжителната или доброволна регистрација за ДДВ или дерегистрација за ДДВ согласно постојните одредби на Законот ДДВ…

Министерството за економија во врска со последните измени на Законот за трговија, а во врска со опфатот на туристички места во Република С. Македонија за вршење на трговија на мало во недела, како и на државни празници и други празници кои се определени како неработни денови го дава следното соопштение…

По однос на примената на измените на Законот за трговија објавени во Службен весник на РСМ број 295 од 27 декември 2021 година и проблемите кои настанаа во однос на забраната за работење на трговијата на мало во недела, на државни празници и други празници кои се определени како неработни денови во продолжение Ви го даваме Известувањето на Министерството за економија дадено на 04.01.2022 година…

Насоки од УЈП за поднесување на барање за претворање на финансиска поддршка за исплата на плати во грант…

Во Службен весник на РСМ број 303 од 31 декември 2021 година објавени се два Правилници во кои се објавени обрасците кои треба да се поднесат до УЈП за претворање на финансиската поддршка во грант која работодавачите (правни лица и ТП и СВД) ја добија за исплата на платите во февруари и март 2021 година. Обрасците се поднесуваат до УЈП најдоцна до 15 јануари 2022 година. Со кликнување на повеќе може да ги симнете Правилниците во кои се пропишани обрасците, Законите во кои беше пропишана финансиската поддршка каде во член 9 е дадена можноста за претворање на финансиската поддршка во грант и Напис на МСФИ Консалтинг во кои даваме објаснување за обврската за враќање како и за можноста за претворање на финансиската поддршка во грант…

На веб страната на УЈП заради објавеното лично ослободување за 2022 година објавена е и нова верзија на клиентски софтвер “МПИН“….

Од страна на НБРМ со Одлука број Бр. 02-37790/1 од 28 Декември 2021 година објавена е референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата, за периодот од 01.01.2022 година до 30.06.2022 година. Согласно претходно наведената Одлука на НБРСМ референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата, за периодот од 1 Јануари 2022 година до 30 Јуни 2022 година изнесува 1,25%. Повеќе во врска со пресметка на казнената камата може да прочитате во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.