Актуелности

МСФИ Напис: Право на изнесување и внесување на ефективни странски пари – девизи и денари од страна на резиденти и нерезиденти
Во Написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи се осврнуваме на законските одредби и максималниот законски дозволен износ на девизи и на денари кои резидентите и нерезидентите може да ги изнесуваат или внесуваат во РСМ. Исто така Ви презентираме и примерок од Образецот за пријавување на ефективни странски и домашни пари и чекови кои резидентите и нерезидентите ги внесуваат или изнесуваат од Република С. Македонија и начинот на пополнување на Образецот кој се доставува до Царинска Управа. Воедно Ви ја даваме и релевантната законска регулатива за преземање.

Наплата и плаќање во ефективни странски пари – девизи
Начинот и условите под кои резидентите можат да вршат наплата и плаќање во ефективни странски пари во трансакциите со нерезиденти, уредени се со Законот за девизно работење (“Службен весник на РМ” бр.34/01…37/25) и прописите на Народната банка. Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи, се осврнуваме на законските аспекти на наплатата и плаќањето во ефективни странски пари – девизи со посебен акцент на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите можат да вршат наплата и плаќање во ефективни странски пари во трансакциите со нерезиденти (“Службен весник на РМ” бр.42/16…181/19).

МСФИ Напис: Нов Закон за архивски материјал и архивска дејност
Со новиот Закон за архивски материјал и архивска дејност („Службен весник на РСМ“ бр.135/25), се уредува заштитата, чувањето, обработката и користење на архивскиот материјал и документарниот материјал како културно наследство на државата и како извор на колективната меморија, канцелариското и архивското работење, надзорот над спроведувањето на одредбите на овој закон и надлежностите на Државниот архив на РСМ. Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи, Ве запознаваме со содржината на новиот Закон за архивски материјал и архивско работење. Воедно Ви го даваме за преземање и новиот Закон…

МСФИ Напис: Тур – оператори (ДДВ третман при обезбедување на туристички услуги)
Прашањата врзани за посебниот даночен третман на туристичките услуги кои ги обезбедуваат тур-операторите, уредени се со одредбите на член 38 од Законот за ДДВ. Имено, независно од општите одредби на Законот за ДДВ, во поглед на оданочувањето на туристичките услуги, со наведениот член од законот пропишана е посебна форма на оданочување на услугите кои ги обезбедуваат тур – операторите. Оваа посебна одредба од Законот за ДДВ важи за туристичките услуги, кои даночниот обврзник (тур – оператор) ги врши спрема туристот во свое име, а за кои услуги користи влезни исполнувања од трети лица (т.н. претходни туристички услуги) кои се наменети непосредно за корисниците на туристичките услуги. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, подетално низ практични примери се осврнуваме на даночниот третман од аспект на ДДВ на работењето на тур-операторите при обезбедување на туристички услуги…

МСФИ е Вести: Процентот за МДБ за аконтацијата за месец јуни 2025 година е позитивен и изнесува 1,9%
Податокот за процентот на МДБ за аконтацијата за данок на добивка за месец јуни 2025 е позитивен и изнесува 1,9%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец јуни 2025 година која треба да се плати до 15 јули 2025 година…

МСФИ Напис: Вршење работа од дома (законски и даночен аспект на работењето од дома)
Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи се осврнуваме на одредбите од ЗРО кои се однесуваат на извршување работа од дома со склучување договор за вработување за вршење работа од дома и променет договор за вработување. Укажуваме и на можноста преку измени (анекс) на постојните договори за вработување да се утврди работење од дома, како и можноста со одлука работодавачот да организира работа од дома. Едновремено, во овој напис Ве запознаваме и со даночните аспекти на надоместоците на трошоци за работа од дома од аспект на данокот на личен доход и данокот на добивка. Воено Ви даваме и Модел на Договор за вработување за вршење работа дома и пречистен текст на Законот за работните односи.

Стручно списание МСФИ СОВЕТНИК Јуни 2025 година
Со кликнување на повеќе може да го преземете ЈУНСКИОТ број од 2025 година на електронското издание на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

МСФИ е Напис: Примена на концептот на пренесување на даночната обврска на примателот на добра и услуги согласно член 32-a од Законот за ДДВ – (Reverse Charge)
Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе низ повеќе примери ја илустрираме примената на концептот на пренесување на даночната обврска на примателот на добра и услуги согласно член 32-a од Законот за ДДВ, Reverse Charge. Воедно Ви ја даваме за преземање и релевантната законска регулатива…

Податоци за плата и надоместоци од работен однос за периодот Јуни 2025 – Јули 2025 година
Во продолжение може да ги симнете податоците за плата и надоместоци од работен однос за 2025 година заклучно со периодот јуни 2025 – јули 2025 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 20.06.2025 година…

МСФИ Напис: Комисиона продажба на трговска стока (сметководствен и даночен третман на комисионата продажба)
Со одредбите на членовите од 827 до 841 од Законот за облигационите односи (Службен весник на РМ, број 18/01…209/24) пропишани се условите за склучување на договор за комисиона продажба и комисионо работење. Од аспект на Законот за данок на додадена вредност, продажниот комисион како промет на добра е дефиниран во членот 3 став 2 точка 4, додека комисионот како промет на услуга е дефиниран во членот 7 став 2 од ЗДДВ. Со кликнување на повеќе може да го симнете написот за комисиона продажба, а воедно Ви даваме и Терк на Договор за комисион. Исто така Ви даваме и пречистен текст на Законо за облигационите односи…

МСФИ Напис: Ангажирање на лица врз основа на договор за вработување, договор за дело или авторски договор (законски, сметководствен и даночен третман на овие ангажмани во 2025 година)
Во написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе се осврнуваме на случаите кога се склучуваат договори за вработување, како и на случаите кога некое лице може да биде ангажирано со склучување на посебни договори (договори за дело или авторски договори) и на нивниот сметководствен и даночен третман во 2025 година.