+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Во Службен весник на РСМ број 299 од 29 декември 2021 година објавен е Правилникот за определување на помошни или придружни дејности на основната дејност на работодавачот и определување на работни места во дејности кои имаат карактер на помошни и придружни работи на основната дејност на работодавачот.
Исто така во истиот Службен весник на РСМ број 299 од 29 декември 2021 година објавен е Правилник за формата, содржината и начинот на известувањето за вршење на работа во недела со кој се пропишува формата, содржината и начинот на известувањето на Државниот инспекторат за труд, за започнување на работа во недела. Работодавачот пред започнувањето на работа во недела доставува известување до Државниот инспекторат за труд, во писмена форма или електронски. Известувањето за вршење работа во недела, работодавачите можат да го достават електронски на следната меил адреса: rabotavonedela@dit.gov.mk или во архивите на подрачните одделенија на ДИТ како и во централната архива во седиштето на ДИТ на бул. Партизански одреди бр.48А, Скопје.
Како дополнување на написот кој претходно Ви го испративме, Во овој напис Ви даваме табела со наведување на дејностите кои ќе можат да работат во недела на која е додадена колона со шифра на дејност согласно Националната класификација на дејностите со цел да Ви олесниме полесна примена на законското решение….

Во Службен весник на РСМ број 303/21 објавено е даночното намалување (личното ослободување) кое за 2022 година на годишно ниво, изнесува 105.456,00 денари. Даночното намалување на месечно ниво при пресметка на плата изнесува 8.788,00 денари. Со кликнување на повеќе може да го преземете написот во кој подетално низ примери се осврнуваме на новото лично ослободување кое работодавачите ќе го применуваат при пресметка на платите во 2022 година…

Во Службен весник на РСМ, бр. 303 од 31.12.2021 година објавен е Правилникот за изменување на Правилникот за формата и содржината на пресметката на данок на добивка при престанување на условите за даночно ослободување со кој се менува Образецот „ДД-ДО”. Овој Правилник влегува во сила на 01.01.2022 година. Со кликнување на повеќе може да го симнете Правилникот со кој е променет образецот ДД-ИД, а Ви даваме и стручен напис во кој низ примери даваме објаснување за плаќање на данок на добивка при губење на правото на реинвестирана добивка и донации во спортот во 2022 година…

Во Службен весник на РСМ број 303 од 31.12.2021 година објавен е Правилник за формата и содржината на барањето на согласност за признавање на расход од работењето на обврзникот во даночен биланс. Барањето согласност за признавање на расход од работењето на обврзникот во даночен биланс образец ДЛД-БС се поднесува од страна на Трговци поединци и самостојни вршители на дејност за признавање на трошокот за неотпишаната вредност на основните средства кои понатаму не можат да се користат, односно истите се расходуваат…

Во Службен весник, бр. 293/2021 објавена е Нова Одлука за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност (Одлука 5% ДДВ). Одлуката се применува од 1 јануари 2022 година…

Во Службен весник на РСМ број 295 од 27 декември 2021 објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија. Со Измените на Законот за трговија се уредува работењето во недела на работниците кај работодавачите од трговија на мало. Исто така за одделни трговци на мало се пропишува и обврска за плаќање на надоместок во висина од 2% од вкупниот приход остварен во претходната година во недела и на празници. Измените на Законот за трговија стапуваат на сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на РСМ“, а примената на одредбите кои се однесуваат на работењето во недела (измените во член 25, член 50-а, и член 58), е од 1 јануари 2022 година.

Во “Службен весник на РМ”, бр. 287/2021 година објавен е Законот за извршување на буџетот на Р.С. Македонија за 2022 година, кој ќе се применува од 1 Јануари 2022 година. Со Законот за извршување на буџетот на Р.С. Македонија за 2022 година, меѓу другите прашања врзани за наменското и законското користење на средствата, уредени се и прашањата врзани за висината на надоместоците на трошоците поврзани со работа на вработените чии плати се исплаќаат …

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на овие најнови законски измени со кои се забранува работата во недела, со цел да се овозможи неделата да биде неработен ден и исклучоците од ова правило, односно дејности кои ќе можат да работат во недела. Исто така Ви најавуваме дека на КПУ обуките кои МСФИ Консалтинг ќе ги организира на 23 Декември (четврток) и на 28 Декември 2021 година (вторник) ќе имаме стручно предавање и за овие измени при што ќе одговориме и на повеќе дилеми и прашања. Ве покануваме да ни се придружите…

На предлог на Министерството за финансии изготвен е Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност кој е доставен на јавна расправа. По завршувањето на јавната расправа се очекува текстот на предлог Законот да биде усвоен од Владата и да биде доставен до Собранието на усвојување. Со кликнување подолу на преземи може да го симнете написот во кој детално низ примери Ве запознаваме со Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за ДДВ…

Во Службен весник на РСМ број 280/2021 од 15.12.2021 објавени се три подзаконски прописи на Законот за заштита на личните податоци. Правилникот за видеонадзор се однесува на субјектите кои вршат видеонадзор, а одлуката за стандардни договорни клаузули меѓу контролорите и обработувачите се однесува на субјектите што вршат сметководствени и слични услуги…

Во Службен весник на РСМ број 280 од 15 декември 2021 година објавена е Одлука за дополнување на одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало. Со ова дополнување додадени се три нови производи (ориз, јајца и тестенини) во претходно објавената Одлука за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.270/21)…

Со кликнување на повеќе може да го преземете ДЕКЕМВРИСКИОТ број од 2021 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.