+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Со доаѓањето на времето за берба на голем број на земјоделски производи, стануваат актуелни прашањата за откупот и исплатата на откупените земјоделски производи кој правните лица го вршат од физички лица – земјоделци. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе даваме одговори на повеќе прашања поврзани со даночниот третман на откупот на земјоделски производи и оданочувањето на приходите од земјоделска дејност кои ги остваруваат физичките лица земјоделци во 2025 година, вклучително и оние кои се регистрирани за целите на ДДВ…

Во Службен весник на РСМ, бр. 87/25 објавен е Законот за даночно ослободување со цел реализирање на Одлуката за склучување на анекс на договорот за концесија за промена на намената на дел од средствата. Со законот се уредуваат условите, начинот и постапката за остварување на даночното ослободување од ДДВ за прометот на добра и услуги за реализација на проектите согласно со Одлуката за склучување на анекс на договорот за концесија за промена на намената на дел од средствата („Службен весник на РСМ“ број 17/25). Повеќе во врска со даночниот третман на прометот на добра и услуги за реализација на проектите наведени во Одлуката може да го прочитате во написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе…

Во собраниска постапка на донесување е Предлог Закон за работно ангажирање на лица за вршење повремени и сезонски работи во одредени дејности. Со предложениот закон се овозможува поедноставена постапка при ангажирање на лица за вршење сезонски или повремени работи со обезбедување одделни права од социјално осигурување на ангажираните лица (пензиско и инвалидско осигурување и дополнително здравствено осигурување во случај на повреда и несреќа на работа)…

Во „Службен весник на РСМ“, бр. 84/25 објавена е Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите кои што не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство, која влегува во сила на 2.05.2025 година. Предметните измени се однесуваат на субјектите – резидентите кои што вршат услуги во меѓународниот транспорт на стоки и патници, односно со Одлуката им се пропишува можност за отворање на сметка во странство за наплата на своите побарувања остварени врз основа на извршени услуги во меѓународниот транспорт…

Одделни субјекти кои не се даночни обврзници на Република Македонија, а платиле македонско ДДВ имаат право да го вратат вака платеното ДДВ во посебна постапка. Правото на враќање се однесува на: нерезидентите, односно даночните обврзници без седиште, подружница, постојано живеалиште или престојувалиште во РСМ, непрофитните организации и странските дипломатски или конзуларни претставништва како и меѓународните организации. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе подетално се осврнуваме на постапката на враќање на ДДВ на овие посебни субјекти кои платиле македонско ДДВ. Воедно Ви ја даваме за преземање и релевантната законска регулатива…

Во Службен весник 84 од 24 април 2025 година објавена е Одлука за изменување на Одлуката за донесување на националната класификација на дејностите – НКД РЕВ.2.1. Со измената се интервенира во класата 69.10 ,,Правни дејности“ …

Со кликнување на повеќе може да го преземете АПРИЛСКИОТ број од 2025 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Годишен извештај за работењето на друштвото за претходната 2024 година, е еден од актите кои трговското друштво има обврска да го подготви согласно Законот за трговските друштва („Службен весник на РСМ“ бр.28/04…272/24). Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи Ве потсетуваме на одредбите од ЗТД кои се однесуваат на изготвување на Извештај за работењето на друштвото за претходната 2024 година и негово усвојување од страна на органите на друштвото. Воедно Ви даваме и пречистен текст на Законот за трговските друштва…

апарот и пишманлакот се правни институти кои кај нас се предвидени со одредбите од член 71 до 75 од Законот за облигационите односи („Службен весник на РСМ“ бр. 18/01…209/24). Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи се осврнуваме на капарот и пишманлакот и нивниот нормативен, даночен и сметководствен третман. Воедно Ви даваме и пречистен текст на Законот за облигационите односи…

Даночните обврзници кои користеле реинвестирана добивка не смеат да ги отуѓат средствата во период од 5 години од денот кога е извршено инвестициското вложување. До колку е користено реинвестирана добивка за средства стекнати преку финансиски лизинг не смеат да го раскинат договорот за лизинг. Исто така се должни да поседуваат соодветна документација со која можат да докажат дека вложиле во материјални и нематеријални средства за проширување на дејноста. Доколку даночните обврзници не ги испочитуваат претходно наведените барања го должат данокот на добивка кој би го платиле кога не би користеле ослободување за реинвестирана добивка. Данокот на добивка се утврдува и плаќа врз основа на образец „ДД-ДО“, кој се доставува до УЈП во рок 30 дена од денот на престанување на условите за даночно ослободување. Со кликнување на повеќе може да го преземете написот во кој подетално низ примери се осврнуваме на обврската за плаќање на данок на добивка при губење на правото на реинвестирана добивка…

Законската можност на работникот за дополнително работење кај втор работодавач најмногу до 40 часа месечно ги наметнува следните прашања: Kакви се правата и обврските на работникот при заснован работен однос со дополнително работење? Каква согласност е потребно да даде првиот работодавач? Како се пресметува платата кога постои договор за дополнително работење? Кои социјални придонеси се плаќаат? Дали при пресметката на плата за работа кај втор работодавач се користи лично ослободување и во колкав износ? Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе даваме одговор на претходно наведените прашања и дилеми кои се наметнуваат при вработување на работници со дополнително работење кај втор работодавач во 2025 година. Воедно Ви даваме и Изјава на согласност за дополнително работење и Пречистен текст на Законот за работните односи…

Во Службен весник на РСМ број 71 од 3 април 2025 година објавен е Правилникот за начинот на објавување на цените на стоките и податоците што треба да се објавуваат од страна на мал, среден и голем трговец кој врши дејност трговија на мало. Правилникот е донесен од страна на министерот за економија и труд врз основа на член 15-а став 4 од Законот за заштита на потрошувачите („Службен весник на РСМ“ бр. 236/22, 3/25 и 49/25). Трговците кои имаат обврска да ги објавуваат цените на своите стоки кои ги нудат за продажба се должни да го усогласат своето работење во рок од 45 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон (најдоцна до 18 април 2025 година)…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.