Страна 1 од 169
Почитувани колеги !!!
МСФИ Консалтинг Ве поканува на ON LINE СОВЕТУВАЊЕ НА 17 ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА (ЧЕТВРТОК) за подготвителните активности за изготвување на годишната сметка за 2020 година.
Објавено на 10/12/2020
МСФИ КОНСАЛТИНГ Ве поканува на ЕДНОДНЕВНО КОНТИНУИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ бр.2/2019-8 часа ВО МЕСЕЦ МАЈ/ЈУНИ 2019 ГОДИНА во следните термини и градови:
15 Мај 2019 (среда) во Штип – Хотел Оаза
16 Мај 2019 (четврток) во Битола – Хотел Милениум
17 Мај 2019 (петок) во Скопје – Хотел Холидеј Ин
21 Мај 2019 (вторник) во Струмица – Хотел Сириус
22 Мај 2019 (среда) во Охрид – Хотел UNIQUE Resort & Spa
29 Maj 2019 (среда) во Прилеп – Хотел Кристал Палас
31 Мај 2019 (петок) во Тетово – Хотел Mercure
07 Јуни 2019 (петок) во Скопје – Хотел Холидеј Ин
08 Јуни 2019 (сабота) во Скопје – Хотел Континентал
Објавено на 05/06/2019
Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи се осврнуваме на дефинирањето на вистинскиот сопственик и даваме одговор на повеќе прашања во врска со обврската за внесување на податоци за вистинскиот сопственик во Регистарот на вистински сопственици…
Објавено на 25/01/2021
Со воведувањето на нов образец ДДВ 04 согласно измените и дополнувањата на Закон за данокот на додадена вредност (Службен весник на РСМ, бр. 267/20), увидено е отежнато поднесување на образецот ДДВ-04. Се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 за даночниот период од 01.10.2020-31.12.2020 и 01.12.2020 -31.12.2020 се продолжува за 4 дена, односно за краен рок за поднесување ќе се смета 29 јануари 2021.
Објавено на 23/01/2021
Со кликнување на повеќе може да го преземете ЈАНУАРСКИОТ број од 2021 година на електронското издание на списанието МСФИ СОВЕТНИК…
Објавено на 22/01/2021
Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер – МПИН која го содржи новиот параметар. Сите обврзници кои до овој момент имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за Јануари 2021 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основица за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки (103) на истите, со утврдениот износ на просечната плата…
Објавено на
Почитувани колеги !
МСФИ Консалтинг организира ДВОДНЕВНО ON LINE СОВЕТУВАЊЕ ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ГОДИШНА СМЕТКА И ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ ЗА 2020 ГОДИНА.
Советувањето ќе се спроведе во следните термини:
– 28 и 29 Јануари 2021 година ‐ четврток и петок (прв термин)
– 4 и 5 Февруари 2021 година ‐ четврток и петок (втор термин)
– 11 и 12 Февруари 2021 година ‐ четврток и петок (трет термин)
Објавено на 21/01/2021
Врз основа на наведеното пресметката на платите во 2021 година ќе се врши врз основа на следните податоци:
Минималната плата во 2021 година заклучно со март 2021 година изнесува 21.776 денари бруто плата (минимална нето плата изнесува 14.955 денари). Независно од висината на платата во 2021 година се применува единствена стапка на данок на доход од 10%;. Даночното намалување (личното ослободување) кое се применува во 2021 година при пресметка на данокот на доход од плата изнесува 8.438 денари и истото е објавено во Службен весник 299/2020. Подетално за наведеното може да прочитате со кликнување на повеќе…
Објавено на
Со кликнување подолу на преземи Ви даваме Алатка во Microsoft Excel за пресметка на пресметка на придонеси и данок на личен доход во 2021 година од нето и бруто плата:…
Објавено на
Податоци за плата и надоместоци од работен однос за периодот Јануари 2021 – Февруари 2021 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 21.01.2021 година…
Објавено на
Како последица на измените на Законот за ДДВ кои беа објавени со Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на РСМ“ бр. 267/20) од 1 јануари 2021 година пропишана е нова ДДВ пријава (Образец ДДВ-04). Новата ДДВ пријава е пропишана со Правилникот за формата и содржината на даночната пријава на данокот на додадена вредност (“Службен весник на РМ”, број 315/20). Новата ДДВ пријава за прв пат ќе се примени со поднесување на даночните пријави до УЈП најдоцна до 25 Јануари 2021 година. Подетално за начинот на пополнување на новата ДДВ пријава низ повеќе примери може да прочитате во Написот кој може да го симнете со кликнување подолу на повеќе…
Објавено на
Согласно член 9-а од Законот за данокот на добивка, друштвата кои во 2020 година имаат основни средства кои не можат понатаму да се користат но тие средства имаат преостанатата сегашна вредност, можат средството да го амортизираат во целина независно од пропишаниот век на траење. Таквата амортизација за да може да биде признат расход при утврдување на основата за оданочување потребно е добивање на согласност од УЈП, по поднесено писмено барање најдоцна до 31 јануари 2021 година…
Објавено на 20/01/2021
Страна 1 од 169