+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Обврската за изготвување на консолидирана годишна сметка и консолидирани финансиски извештаи за 2021 година произлегува од Законот за трговски друштва, како и согласно Меѓународните стандарди за финансиско известување. Од аспект на финансиско известување, консолидацијата претставува постапка на изготвување на консолидирана годишна сметка и консолидирани финансиски извештаи на матичното друштво и една или повеќе негови подружници, како да претставуваат еден субјект. Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на повеќе аспекти при изготвување на консолидирана годишна сметка и консолидирани финансиски извештаи за 2021 година…

Подетално за овие и останатите значајни измени на Законот за ДДВ може да прочитате во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе. Воедно Ви го даваме Законот за изменување и дополнување на Законот за ДДВ, пречистениот текст на Законот како и подзаконските акти кои се донесени во функција на имплементација на наведеното законско решение….

Почитувани,Содржината можат да ја видат само претплатници на МСФИ Консалтинг.Доколку сте наш активен претплатник Најавете се за да ја видите оваа содржина.(Доколку не сте претплатник кликнете тука за да се регистрирате и да добиете информации за претлата)

На дневен ред на 67 седница на Собранието на Република Македонија која ќе се одржи на 11. 03.2022 година (денес), е Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за ДДВ, кој треба да биде донесен по скратена постапка. На истата седница на Собрането на РСМ на усвојување Предлог закон за дополнување на Законот за акцизите со кои …

Во Службен весник на РСМ број 51/2022 објавена е Нова Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки која влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на РСМ, односно на 9 март 2022 година. Со новата Одлука се намалува бројот на производи на кои се ограничува највисоката трговска (профитна) маржа во вкупен износ до 4% на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно во вкупен износ до 3% на продажната цена пресметана во трговијата на мало. Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука престанува да важи старата Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 41/22)…

Во написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе подетално се осврнуваме на даночниот и сметководствениот третман на финансиската помош која македонските компании ја одобруваат на физичките лица – граѓани за нивно лекување во 2022 година. Исто така се осврнуваме и на начинот на оданочување на физичкото лице на кое по неговото лекување ќе му останат неискористени донирани финансиски средства…

Податокот за процентот на МДБ за аконтацијата за данок на добивка за месец февруари 2022 година е позитивен и изнесува 4,7%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец февруари 2022 година која треба да се плати до 15 март 2022 година се утврдува во висина од 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2021 година зголемена за 4,7% (АОП 56 од ДБ за 2021 година).

Работодавачот го распоредува работното време во зависност од процесот на работа, потребите на корисниците и бројот на вработени. Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи се осврнуваме на распоредот и прераспределбата на работното време и воведувањето прекувремена работа, како можности на работодавачот за организирање на процесот на работа согласно неговите потреби…

Со кликнување на повеќе може да го симнете Написот во кој се осврнуваме на практичната имплементација на ограничувањето на највисока трговска маржа во трговијата на големо и трговијата на мало од 1 март 2022 година до 31 мај 2022 година…

Доброволното здравствено осигурување нормативно е уредено со Законот за доброволно здравствено осигурување (“Службен весник на РМ” бр. 145/12..192/2015) и може да се договори како дополнително здравствено осигурување или приватно здравствено осигурување. Со кликнување на повеже може да го симнете написот во кој низ повеќе примери се осврнуваме на даночниот и сметководствениот третман на доброволното (приватно) здравствено осигурување во 2022 година…

На 62-та Седница на Собранието на РСМ одржана на 23.02.2022 година донесен е Законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во РСМ. Законот е објавен во Службен весник на РСМ број 41 од 24 февруари 2022 година и ќе влезе во сила осмиот ден од денот на објавувањето, односно на 4 март 2022 година…

Во Службен весник број 41 од 24 февруари 2022 година објавена е Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки. Со Одлуката се определува највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата за следните стоки: леб; шеќер; сол; брашно-тип 400; сурово сончогледово масло и сончогледово масло за јадење; трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; свежо месо и сувомеснати производи; сирење и урда; ориз; јајца; тестенини; пченица и овошје и зеленчук…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.