Со кликнување на повеќе може да ја симнете excel алатката за составување на Годишната сметка за 2020 година (со нов ДЕ за профитните субјекти)…
Во 2020 година како резултат на здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата со COVID – 19, голем број на компании во нашата земја се соочија со сериозни финансиски потешкотии и нарушена ликвидност во своето работење. Проблемот со нарушената ликвидност со кој се соочија компаниите најдобро може да се илустрира токму преку Извештајот за паричните текови. Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи подетално се осврнуваме на начинот на изготвување на Извештајот за парични текови за 2020 година, а воедно Ви даваме и алатка во Microsoft Excel којa може да Ви помогне при составување на Извештајот за паричен тек.