+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Извештајот за промени во главнината согласно член 476 став 4 од Законот за трговските друштва е дел од сетот на финансиски извештаи заедно со Извештајот за сеопфатна добивка (Билансот на успех), Извештајот за финансиската состојба (Билансот на состојбата) и Извештајот за паричните текови. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе Ви даваме комплетен пример за Изготвување на извештајот за промените во главнината, како и образложенија поврзани со составувањето на извештајот…

Се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на обрасците ДБ (Даночен биланс), ДБ-ВП (Даночен биланс за вкупен приход), ДБ-НП/ВП (Даночен биланс за непрофитни организации), ДЛД-ДБ (Годишен даночен биланс за утврдување на доход од вршење самостојна дејност), и Б (Биланс на приходи и расходи) до 10 март 2022 година за поднесоци…

Во Службен весник на РСМ број 39 од 22 февруари 2022 година објавен е Законот за именување и дополнување на Законот за платниот промет со кој се продолжува можноста фирмите кои имаат блокирани сметки да можат меѓусебното намирување на паричните обврски и побарувања преку компензација, асигнација, цесија и преземање на долг да го вршат до 31 Декември 2022 година. Со кликнување на повеќе може да симнете Законот за изменување и дополнување на Законот за платниот промет објавен во Службен весник 39/2022 и пречистениот текст на Законот за платниот промет…

Со клинување на повеќе може да преземете Обрасци, Одлуки и други корисни документи поврзани со изготвување на годишна сметка за 2021 година…

На барање на голем број на наши читатели кои се во тек на изготвување на даночниот биланс – Образец ДБ за 2021 година во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе низ практични примери се осврнуваме на даночната регулатива и на даночниот третман на заемите и каматите на заемите при составување на годишната сметка за 2021 година…

Согласно барањата пристигнати до Централниот регистар, кои се однесуваат за продолжување на рокот за поднесување на годишна сметка за 2021 година, поради заштита и превенција од вирусот covid-19, Ве известуваме дека Централниот регистар одлучи да излезе во пресрет на барањето на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите со продолжување на рокот за 10 дена, како за хартиено така и за електронско поднесување на годишни сметки. Крајниот рок за поднесување на годишна сметка во хартиена форма ќе биде до 10.03 2022 година, со работно време на сите канцеларии на Централниот регистар од 08:00 до 16:00 часот, додека крајниот рок за поднесување на годишната сметка во електронска форма ќе биде до 25.03.2022 година до 24 часот.

Со кликнување на повеќе може да го преземете ФЕВРУАРСКИОТ број од 2022 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Согласно член 9 од преодните одредби на Законот за изменување и дополнување на Законот за ДДВ („Службен весник на РСМ“ бр. 267/20), одредбите на член 24-б и 24-в од Законот за ДДВ со кои беа пропишани даночни ослободувања на прометот на добра и услуги кои како донација се даваат на буџетски корисници за справување со корона вирусот престанаа да важат на 31.12.2021 година…

Предлог Законот е на дневен ред на 62-та Седница на Собранието и се очекува негово изгласување.
Со кликнување на повеќе да симнете написот во кој се осврнуваме на најновите измени во делот на Законот за минимална плата и воедно ви даваме презентација…

Сите средни и големи компании во РМ покрај годишна сметка за 2021 година имаат обврска до Централниот регистар да достават и неревидирани финансиски извештаи. Комплетот на финансиски извештаи согласно МСС 1-Презентирање на финансиските извештаи го сочинуваат: Извештај за финансиската состојба, Извештај за сеопфатна добивка, Извештај за промените на главнината, Извештај за паричните текови и Сметководствени политики и објаснувачки белешки подготвени во согласност со МСС, односно МСФИ. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на начинот на изготвување на Извештајот за парични текови за 2021 година, а воедно Ви даваме и алатка во Microsoft Excel којa може да Ви помогне при составување на Извештајот за паричен тек…

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на можноста за враќање на дел од платената акциза за набавено обележано гасно масло за греење (или попознато како МАСЛО ЗА ГОРЕЊЕ – ЕКСТРА ЛЕСНО или т.н црвена нафта) во домаќинствата или во процесот на производство или како додаток на друг енергент како гориво за греење во индустријата…

Со кликнување на повеќе може да ја симнете excel алатката за составување на Годишната сметка за 2021 година (со нов ДЕ за профитните субјекти)…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.