+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk


МСФИ Советник




Актуелности

Објавена Одлуката на Уставен Суд: Укинати член 2 и 4 од Законот за измени и дополнувања на Законот за облигациони односи (рокот на застареност на побарувањата на доверителите останува десет години)




Уставниот суд на РС Македонија со одлука У.бр.98/2024 и 139/2024 од 25.09.2024 година објавена во Службен весник на РСМ број 209 од 10.10..2024 година, ги укина член 2 и член 4 од Законот за измени и дополнувања на Законот за облигациони односи („Службен весник на РСМ“ бр.154/23) и го стави вон сила Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи…

Објавено на: 15/10/2024

МСФИ Напис: Дисциплинска одговорност на сметководител и овластен сметководител (Осврт врз Законот за вршење на сметководствени работи и Правилникот за дисциплинска одговорност)




Со Законот за вршење на сметководствени работи, утврдени се обврските на сметководителот, односно овластениот сметководител и уредена е постапка за утврдување на одговорност во случаи на непостапување или постапување спротивно на одредбите од овој закон, законите со кои се регулира водењето на сметководството, Кодексот на етика за професионални сметководители и актите на Институтот на сметководители и овластени сметководители. Дисциплинската постапка подетално е уредена со Правилник за дисциплинска одговорност. Повеќе за наведеното може да прочитате во Написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе…

Објавено на: 09/10/2024
danoci-za-koi-ne-ste-slushnale-62626

МСФИ е Вести: Процентот за МДБ за аконтацијата за месец септември 2024 година е позитивен и изнесува 3,3%




Податокот за процентот на МДБ за аконтацијата за данок на добивка за месец септември 2024 е позитивен и изнесува 3,3%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец септември 2024 година која треба да се плати до 15 октомври 2024 година…

Објавено на: 07/10/2024
msfi-konsalting-pokana-za-kpu-oktomvri-2024_page-0001

ВАЖНО: МСФИ Консалтинг организира КПУ обуки во месец Октомври 2024 година




Почитувани колеги,
МСФИ КОНСАЛТИНГ организира еднодневни онлајн КПУ обуки број 3/2024-8 часа во ОКТОМВРИ 2024 година во следните термини:

– 29 Октомври 2024 (вторник)
– 31 Октомври 2024 (четврток)

Објавено на: 05/10/2024

МСФИ Напис: ДДВ и сметководствен третман на вредносните ваучери




Вредносните ваучери може да бидат еднонаменски или повеќенаменски. Еднонаменски вредносен ваучер се смета за вредносен ваучер за кој место на промет на добрата, односно место на промет на услугите, на кои се однесува вредносниот ваучер, како и износот на данок на додадена вредност кој треба да се пресмета и плати за прометот на тие добра и услуги е познат во времето на издавање на вредносниот ваучер. Повеќенаменскиот вредносен ваучер е вредносен ваучер кој не е еднонаменски вредносен ваучер. Повеќе во однос на ДДВ и сметководствениот третман на вредносните ваучери може да прочитате во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

Објавено на: 04/10/2024

МСФИ Напис: Даночен и сметководствен третман на авансите




Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе низ примери се осврнуваме на даночниот и сметководствениот третман на авансите во редовниот промет на добра и услуги и на авансите во услови на Reverse Charge при примена на член 32-а од Законот за ДДВ. Исто така даваме одговори и на прашањето Што ако по дадениот аванс и добиената авансна фактура никогаш не настане конечна испорака на добра или услуги ?

Објавено на: 01/10/2024

МСФИ Напис: Примена на Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи




Со Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи предвиден е период од 6 месеци за усогласување на договорите склучени меѓу добавувачите и купувачите. Со кликнување на повеќе може да со преземете написот во кој се осврнуваме на повеќе прашања поврзани со примената на Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи. Исто така Ви ја даваме и соодветната законска и подзаконска регулатива и некои корисни материјали поврзани со имплементација на законот…

Објавено на: 26/09/2024

МСФИ Напис: Законски и даночен третман на прометот на добра и услуги кон Bechtel и Enka JV при изградба на инфраструктурниот коридор 8 делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проект за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан и коридор 10 д – делница на автопатот Прилеп – Битола




Со кликнување на повеќе може да го преземете написот во кој подетално низ примери се осврнуваме на нормативниот но и на даночниот третман на прометот на добра и услуги кој се реализира при изградбата на овие инфраструктурни проекти…

Објавено на: 25/09/2024

МСФИ Вести: Објавена Одлуката за ограничување на бруто профитната маржа на дел од основните прехранбени производи до 10% во трговијата на големо и трговијата на мало




Во Службен весник на ТСМ број 196 од 23 септември 2024 година објавена е Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед. Со одлуката највисоката бруто профитна маржа за стоките наведени во Одлуката за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува во вкупен износ до 10% во трговијата на големо и во вкупен износ до 10% во трговијата на мало…

Објавено на: 23/09/2024
f1a2c267fac92711fcfb746faeddbf0d

Податоци за плата и надоместоци од работен однос за периодот Септември 2024 – Октомври 2024 година




Во продолжение може да ги симнете податоците за плата и надоместоци од работен однос за 2024 година заклучно со периодот септември 2024 – октомври 2024 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 20.09.2024 година…

Објавено на: 20/09/2024

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.