+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Во Службен весник на РСМ број 278 од 14 Декември 2021 година дополнета е Одлуката за определување на добрата и услугите за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен промет од страна на друг даночен обврзник (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 45/14 и 160/16). Со дополнувањето на Одлуката пренесувањето на даночната обврска, односно Reverse Charge ќе се применува и на изградба на топловоди и топловодни системи со дистрибутивна мрежа. Со кликнување на повеќе може да ја симнете Одлуката со кое е извршено дополнувањето како и пречистен текст на Одлуката за определување на добрата и услугите за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен промет од страна на друг даночен обврзник…

Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на сметководствениот и даночниот третман во 2021 година на расходувањето на материјалните основни средства и нивна продажба подоцна како отпад со посебен осврт на важноста во обезбедување на соодветна документација при отписот на овие средства од сметководствената евиденција на друштвото…

Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи даваме одговори на следните прашања: Дали постои законска можност компаниите кои се во финансиски тешкотии да исплатат регрес за годишен одмор во помал износ од пропишаниот, додека компаниите кои имаат можност, да исплатат повисок износ на регрес и кои би биле законските и даночни импликации ? Каков е даночниот третман на исплатата на новогодишен надомест на вработените ? Каков е даночниот третман на репрезентативни издатоци и новогодишни подароци кои се даваат на деловни партнери ?

Со Oдлуката на Владата се определуваат највисоките цени во трговијата на големо и трговијата на мало на следните производи: леб; шеќер; брашно – тип 400; сончогледово масло за јадење; трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 2,5%; свежо месо и сувомеснати производи и сирење и урда. Највисоките цени на претходно наведените производи се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало…

Со последните измени на Законот за данок на добивка објавени во Службен весник на РСМ”, број 151/2021 беше зголемен износот на трошок за платени лабараториски тестови за COVID-19 кој што има третман на признат расход за даночни цели во 2021 година. Од аспект на данокот на личен доход не се променија одредбите на член 12 став 1 точка 45 од Законот според кои данок на доход не се плаќа на платени лабораториски тестови за COVID-19 за вработени лица во износ до 9.000 денари на годишно ниво по вработен. Но се наметнува прашањето каков е даночниот третман на брзите рапид тесови за Ковид 19 кои компаниите ги набавуваат за своите вработени, но истите не се прават во лабораторија ? Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи низ примери даваме одговори на повеќе прашања поврзани со даночниот и сметководствениот третман на лабораториските и брзите рапид тестови за Ковид 19 во 2021 година…

Согласно Законот за управување со пакување и отпад од пакување, од 1 декември 2021 година се забранува пуштање на пластични кеси за носење на стоки за еднократна употреба на пазарот во Република Северна Македонија. Дозволено е пуштање на пазарот на територијата на државата само на биоразградливи кеси за носење на стоки што се произведени согласно…

Во Службен весник на РСМ, бр. 265/21, од 30.11.2021 година објавен е Новиот Правилник за стандардите за биоразградливост кои треба да ги исполнуваат кесите за носење на стоки, начинот на пуштање на пазар на биоразградливи кеси од страна на трговците, како и формата и содржината на образецот за водење на евиденција. Правилникот влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе отпочне да се применува од 1 декември 2021 година…

Согласно член 56 од преодните одредби на Законот за управување со пакување и отпад од пакување (“Службен весник на РСМ, бр. 215 од 16.9.2021 година,), забраната за употреба на пластични кеси за носење и забраната за пуштање на пластично пакување за еднократна употреба во угостителските објекти на територијата на заштитените подрачја ќе започнат да се применуваат од 1 декември 2021 година…

Министерството за животна средина и просторно планирање ја потсетува јавноста дека од 1 декември 2021 г. (среда) стапува на сила на обврската за наплата на кесите за носење стоки од новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување…

Почитувани,Содржината можат да ја видат само претплатници на МСФИ Консалтинг.Доколку сте наш активен претплатник Најавете се за да ја видите оваа содржина.(Доколку не сте претплатник кликнете тука за да се регистрирате и да добиете информации за претлата)

Со кликнување на повеќе може да го преземете НОЕМВРИСКИОТ број од 2021 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Правото на годишен одмор е едно од најзначајните права од работен однос кое му припаѓа на работникот, а кое работодавачот е должен да му го овозможи. Иако Законот за работните односи прилично детално ги регулира прашањата во врска со користењето на годишниот одмор, сепак има прашања кои не се прецизно уредени, поради што работодавачите се соочуваат со дилеми наметнати од секојдневната пракса. Во написот кој може да го симнете со кликнување на преземи даваме одговори на повеќе прашања во врска со користењето на годишниот одмор…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.