+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе низ повеќе примери се осврнуваме на реинвестираната добивка и користење на правото на намалување на даночната основа по ДБ за 2021 година. Исто така во написот Ви даваме и повеќе одговори на прашања од страна на УЈП поврзани со правото на користење на реинвестирана добивка…

Субјектот кој што има обврска да го задржи и да го уплати данокот, согласно членот 24 став 1 од Законот за данокот на добивка има обврска да достави и Извештај за уплатениот данок по задршка за 2021 година. Извештајот ДД-И треба да се достави најдоцна до 15 февруари 2022 година по електронски пат преку системот на е – даноци на УЈП. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на начинот на пополнување на Извештајот за задржан данок Образецот ДД-И за 2021 година, а воедно може да го преземете и написот во кој поопширно Ве запознаваме со даночниот и сметководствен третман на задржаниот данок на добивка…

Во Службен весник на РСМ број 20 од 28.01.2022 година објавена е Одлука за изменување на одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало со која се продолжува примената на Одлуката наместо до првично пропишаниот рок 31 јануари 2022 година до 28 февруари 2022 година…

Со клинување на повеќе може да ги преземете коефициентите за ревалоризација за 2021 година…

Со кликнување на повеќе може да ги симнете потврдите за даночен резидент за 2022 година за целите на задржан данок на добивка…

По стапувањето на сила на измените на наведените закони, работодавачите се соочуваат со дилеми како да ги пресметаат додатоците на плата предвидени во ЗРО и колективните договори, во контекст на измените на цитираните закони. Со цел да ви помогнеме, во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на одредбите од ЗРО и општите колективни договори кои се однесуваат на додатоците на плата, како и одредбите од Измените на ЗРО и Измените на ЗТ, со примери за начинот на пресметка на додатоците на плата…

Даночната загуба настаната во претходни години преставува даночна бенифиција за даночните обврзници преку можноста за намалување на даночната основа во тековната година. Со кликнување подолу на преземи може да го симнете написот во кој низ пример се осврнуваме на правото на намалување на даночната основа во ДБ за 2021 година за пренесени даночни загуби од 2018, 2019 и 2020 година…

Во пресметката на платата за 2022 година нема влијание само Законот за данок на личен доход (“Службен весник на РМ” број 241/18…85/21) туку и одредбите од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување (“Службен весник на РМ”, бр.142/08…247/18) како и Законот за минимална плата во Република Македонија (“Службен весник на РМ”, бр.11/12…239/19). Со кликнување подолу на повеќе може да го симнете Написот во кој низ примери Ве запознаваме со специфичностите во пресметката на платите во 2022 година…

Согласно Законот за даночна постапка, во услови на ограничени човечки и временски ресурси и намалени капацитети кај даночните обврзници, поради актуелната состојба со COVID-19, а со цел одбегнување на отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријава. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата (25.01.2022) се продолжува за 3 (три) работни дена, односно за краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 28.01.2022 година.

Најниската основица за пресметка на придонесите за 2022 година изнесува 21.755 денари (50% од 43.509 денари), Највисока основица за пресметка на придонесите за 2022 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 696.144 денари (16 x 43.509), Минималната плата во 2022 година заклучно со март 2022 година изнесува 22.146 денари бруто плата (минимална нето плата изнесува 15.229 денари заради новото лично ослободување од 8.788 денари)
Независно од висината на платата во 2022 година се применува единствена стапка на данок на доход од 10%; Даночното намалување (личното ослободување) кое се применува во 2022 година при пресметка на данокот на доход од плата изнесува 8.788 денари и истото е објавено во Службен весник 303/2021….

Со кликнување на повеќе може да го преземете ЈАНУАРСКИОТ број од 2022 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Роковите за чување на финансиската деловна документација во нашето законодавство се уредени главно со: Законот за архивски материјал („Службен весник на РСМ“ бр. 95/12…11/18), Законот за трговските друштва („Службен весник на РСМ“ бр.28/04…215/21), Законот за даночната постапка („Службен весник на РСМ“ бр.13/06…290/20) и соодветни подзаконски акти. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на роковите за чување на финансиската деловна документација, со цел да се потсетиме на одделни рокови предвидени со одделни прописи…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.