+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Со одредбите на членовите 51 до 54 од Законот за данок на личен доход се дефинира даночниот третман на приходите од закуп и подзакуп. Согласно член 52 од Законот, обврзник на данокот на доход од закуп и подзакуп е физичко лице кое остварува доход од закуп и подзакуп. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе подетално низ примери се осврнуваме на оданочувањето на приходите од закуп и подзакуп со данок на личен доход во 2021 година…

Ова не е прв пат да се носи закон за алтернативно решавање на споровите, односно медијацијата започна кај нас да се применува со донесување на два закони за медијација во 2006 година и 2013 година. Во насока на целосно усогласување со европското законодавство, во собраниска постапка е донесување нов Закон за медијација. Подетално во врска со Предлог Законот за медијација може да прочитате во Написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи…

Со Законот за дополнување на Законот за облигационите односи (Службен весник на РСМ, бр. 215 од 16.9.2021 година), се внесуваат одредби со кои се утврдуваат одделни ограничувања во однос на течењето на договорната камата. Законот стапува на сила со денот на објавувањето во „Службен весник на РСМ“, а ќе се применува од 1 октомври 2021 година. Со кликнување на повеќе може да го симнете Написот во кој Ве запознаваме со новините кои се пропишани со овие дополнувања на Законот за облигационите односи…

И во 2021 година компаниите кои ги исполнија критериумите добија финансиска поддршка за исплата на плати за месеците февруари и март 2021 година согласно Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Covid-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година (Службен весник на РСМ број 85/2021, во сила од 19.04.2021 година). Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на прашањата поврзани со враќање на финансиската поддршка или можноста за нејзино претварање во грант…

Во Службен весник на РСМ, бр. 215 од 16.9.2021 година објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва. Измените на ЗТД стапуваат на сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на РСМ“, односно на 24.09.2021 година. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе подетално се осврнуваме на овие најнови измени на Законот за трговските друштва…

Во Службен весник на РСМ бр. 213 од 13.9.2021 година објавени се измени на Правилниците со кои се пропишани два нови обрасци (ДИР и ДИН) за упис на директните инвестиции во странство од страна на резиденти како и за упис на директните инвестиции на нерезиденти во Република С. Македонија. Правилниците се во сила од 14 Септември 2021 година. Во Написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи подетално се осврнуваме на обврската за упис на директните инвестиции во странство од страна на резиденти како и за упис на директните инвестиции на нерезиденти во Република С. Македонија…

Со кликнување на повеќе може да го преземете СЕПТЕМВРИСКИОТ број од 2021 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Акцискиот план преставува сублимат на активности, мерки и динамика за постигнување на соодветна усогласеност на компаниите со одредбите од Законот за заштита на личните податоци. Со Политиките за приватност и заштита на личните податоци се објаснува зошто се обработуваат личните податоци, кои лични податоци се обработуваат, за која цел се врши обработка на личните податоци, кои права имаат субјектите на лични податоци и како може да ги остварат, дали се пренесуваат на други корисници и други битни информации во врска со обработката на лични податоци…

Во сметководствениот третман на раноградинарското производство (производството на зеленчук), како и во било кое друго земјоделско производство, треба да се применуваат одредбите на МСС 41 – Земјоделство, од страна на големите и средните трговци, односно оддел 34 – Специјализирани активности од МСФИ за МСЕ кај малите и микро трговци во РМ. Според точката 5 од МСС 41, биолошко средство е жив добиток или растенија, додека земјоделски производ е собраниот производ од биолошките средства на субјектот кој се занимава со земјоделско производство. Со кликнување подолу на преземи може да го симнете Написот во кој подетално се осврнуваме на сметководствениот третман на производството на раноградинарски култури…

Можноста за капитализација, односно на вклучување на каматите по заеми и кредити во вредноста на основните средства преку примена на МСС 23 ја имаат средните и големите трговци кои имаат обврска да ги применуваат сметководствените стандарди МСС/МСФИ објавени во Правилникот за водење на сметководство (“Службен весник на РМ”, број 159/09 и 164/10)…

На 101-та седница одржана на 24.08.2021 година, Владата на Република Северна Македонија донесе измени и дополнувања на мерките за спречување на ширењето на КОВИД-19 според кои се дозволува организирање и одржување на спортски натпревари со присуство на публика, настани од културата, работа на ресторани, кафетерии, кладилници, обложувалници, концерти, семинари, работилници и други настани на затворено со 30% од капацитетот на просторот, а на отворено до 50% од капацитетот, со почитување на протоколите и мерките за заштита од КОВИД-19, со поседување сертификат за примена на најмалку прва доза вакцина или сертификат за прележаност не постар од 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Новите мерки се објавени со Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-COV-2, случаите и временскиот период на нивна примена (Службен весник на РСМ број 199 од 25 август 2021) која може да ја симнете со кликнување на повеќе…

На прашањата, кои даночните обврзници имаат обврска да достават Извештај за трансферни цени до 30 Септември 2021 година, што преставуваат трансферните цени и каква треба да биде содржината на Извештајот за трансферните цени даваме одговори во Написот кој може да го симнете со кликнување подолу на повеќе…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.