
МСФИ КОНСАЛТИНГ гарантира
професионална дискреција и доверба, како и перманентна и ентузијастичка експертска поддршка и посветеност на решавањето на вашите деловни проблеми во најкраток можен рок. МСФИ КОНСАЛТИНГ има изградено искусна и координирана консултантска екипа чиј состав го предводи г-дин Сезаир Реџепагиќ експерт по сметководство и јавните давачки – даноци и Жарко Михајловски овластен ревизор.

Сезаир Реџепагиќ
Сезаир Реџепагиќ e долгогодишен носител на повеќе јавни функции од областа на даноците и сметководственото работење, изготвувач и консултант во имплементацијата на повеќе даночни прописи во земјата и странство, а особено даночните прописи како што се Законот за данокот на додадена вредност, Законот за данокот на добивка, Законот за персоналниот данок на доход и голем број на други законски и подзаконски прописи од соодветната материја. Автор е и коавтор на голем број на книги и стручни публикации од областа на фискалната политика и даночниот систем, финансиско и управувачко сметководство и економски консултант во компанијата во сферата на даноците, сметководството и финансиите. Долгогодишен предавач и инструктор во имплементацијата на законската регулатива од областа на даноците и сметководството на голем број семинари и работилници.
Жарко Михајловски
Жарко Михајловски е овластен ревизор со лиценца број 11 издадена од Советот за унапредување и надзор на ревизијата, автор на повеќе стручни публикации од областа на фискалната политика и даночниот систем, финансиско и управувачко сметководство, консултант во имплементацијата на Меѓународните Сметководствени Стандарди – МСС и Меѓународните Стандарди за Финансиско Известување – МСФИ и економски консултант во компанијата во сферата на даноците, сметководството и финансиите. Долгогодишен предавач и инструктор во имплементацијата на законската регулатива од областа на даноците и сметководството на голем број семинари и работилници.
Останатите членови од стручната екипа на МСФИ КОНСАЛТИНГ се врвни професионалци кои имаат огромно искуство од областа на финансиското сметководство, Меѓународните сметководствени стандарди – МСС и Меѓународните Стандарди за Финансиско известување – МСФИ, даноците, финансиите, трговското право, облигациите, работните односи итн.