+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




МСИ Вести: Важно Важно Важно. Известување на Министерство за животна средина во врска со доставување на евиденцијата и налогот за уплата на надоместокот од продажба на кеси за месец декември 2021 година

Согласно Законот за управување со пакување и отпад од пакување од 1 декември 2021 година е превиден надоместок за биоразградливите кеси за транспорт на стоки кој што од страна на трговците треба да се прибира и уплаќа на квартална основа, за што е отворена посебна приходна сметка.
За месец декември со кој започна примената на Законот, а кој е последниот месец од претходниот квартал, Извештајот за евиденцијата и уплатата на надоместоците треба да се достават до Министерството за животна средина и просторно планирање до 15 јануари 2022 година.
Евидентниот лист за продадени биоразградливи кеси кој исто така треба да се доставува квартално, а најдоцна до 15 наредниот месец, е пропишан согласно Правилникот за стандардите за био-разградливост кои треба да ги исполнуваат кесите за носење на стоки, начинот на пуштање на пазар на биоразградливи кеси од страна на трговците, како и формата и содржината на образецот за водење на евиденција (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 265, 30 ноември 2021 година)
Евидентниот лист, со копија на уплатницата за уплатени надоместоци пратете ги по пошта или доставете ги лично до Архивата на МЖСПП на адреса:
Министерство за животна средина и просторно планирање /Сектор отпад
Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3
1000 Скопје
Надоместокот кој што се наплаќа е со вредност од 15 денари. Надоместокот кој трговецот треба да го уплати на сметка на Министерството за животна средина и просторно планирање е без вредноста која останува по пресметката на ДДВ, што се уплаќаат согласно Законот за данокот на додадена вредност.
Линк до Правилникот: https://bit.ly/34OHGFh
Податоци за сметката: Надоместок за биоразградливи кеси за транспорт на стока
Назив на примачот – Буџет на РСМ
Банка на примачот – Народна банка на РСМ
Сметка – единствена трезорска сметка 100000000063095
Сметка на буџетски корисник – единка корисник – 121011520263110
Приходна шифра и програма – 718159 26
  • Објавено на: 13/01/2022
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.