+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Согласно известувањето на Управата за јавни приходи, доколку како регистриран ДДВ обврзник, Годишната сметка до Централниот регистар се доставува во електронска форма најдоцна до 17 март 2014 година, тогаш и исправките на пријавите за данок на додадена вредност (образец “ДДВ-04“) за даночниот период/и од 2013 година, може да се поднесат до УЈП во рокот за…

Како што Ви напоменавме на нашите советувања, односно Ви напишавме во Прирачникот за изготвување на годишната сметка за 2013 година, крајниот рок за поднесување на Даночниот биланс за оданочување на непризнаени расходи (ДБ) и Даночниот биланс на вкупен приход (ДБ-ВП) до Управата за Јавни приходи е 17 МАРТ 2014 (ПОНЕДЕЛНИК). Овој рок се однесува за оние даночни обврзници кои годишната сметка до Централниот регистар ќе ја поднесат во електронска форма задолжително (средните и големите трговци) или доброволно (оние кои сами ќе се одлучат на овој начин да ја поднесат годишната сметка).

Во Написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе низ практични примери Ви ја објаснуваме целата постапка…

Со кликнување на повеќе може да го симнете Февруарскиот број од 2014 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на спис­ани­е­то МСФИ Инф­о­­рма­­тор…

Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи „Службен весник на РМ“ бр.27/14 во периодот од 13 февруари до 13 мај 2014 година може да се поднесе барање за добивање на привремено или трајно уверение за сметководител и овластен сметководител, до писарницата на Министерството за финансии (во зградата на НИП Нова Македонија) или да се испрати на адреса: Министерство за финансии, ул. Даме Груев бр.14, 1000 Скопје…

Во Службен весник на РМ, број 27 од 2014 година објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи кој влегува во сила на 13 Февруари 2014 година. Со овие нови измени на Законот се создава правна можност за лицата кои од најразлични причини во претходниот рок до 3 февруари 2013 година не успеаја да поднесат барање или не ги исполнуваа условите да добијат уверение, да можат во нов законски рок од 90 дена од влегувањето во сила на овој Закон (значи најдоцна до 13 Мај 2014 година) да достават ново барање за добивање на уверение за сметководител или овластен сметководител…

Во Написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе се осврнуваме на начинот на пресметување и плаќање на аконтациите на персоналниот данок на доход за 2014 и наредните години, од страна на трговците поединци и вршителите на самостојна дејност во 2014 година…

Во Службен весник на РМ, број 30 од 2014 година објавен е Законот за изменување на Законот за минимална плата. Законот влегува во сила на 18 февруари 2014 година и ќе се применува на платите во 2014 година. Повеќе може да прочитате во написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе…

Во Написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе Ви ја пренесуваме Инструкцијата на УЈП за поднесување на МПИН пресметка за плаќање на задолжително ПИО и задолжително здравство за невработен извршен член на одбор на директори, член на управен одбор и управител во трговско друштво…

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе детално низ практични примери се осврнуваме на наведените законски новини во однос на примената на концептот Reverse Charge…

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе подетално се осврнуваме на новото законско решение во однос на минималната плата, но исто така се осврнуваме и на новата минимална и максимална основица за пресметка на придонеси која се применува во 2014 година…

На веб страната на Централниот регистар на РМ објавено е упатство за начинот на поднесување на годишната сметка во електронска форма што како форма за поднесување е задолжително за сите големи и средни трговци согласно член 477 став 9 од Законот за трговските друштва…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.