+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Известување на Министерството за финансии за поднесување барање за добивање уверение за сметководител или овластен сметководител

Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи „Службен весник на РМ“ бр.27/14 во периодот од 13 февруари до 13 мај 2014 година може да се поднесе барање за добивање на привремено или трајно уверение за сметководител и овластен сметководител, до писарницата на Министерството за финансии (во зградата на НИП Нова Македонија) или да се испрати на адреса: Министерство за финансии, ул. Даме Груев бр.14, 1000 Скопје.

 

Уверенијата ќе се издаваат на лицата кои заклучно со 13 февруари 2014 година ги исполниле следните услови, и тоа:

 

  • Привремено уверение за сметководител, ќе се издава на лице кое има најмалку средно образование и работно искуство од 3 години, или вишо образование и работно искуство од 2 години, или високо образование и 1 година работно искуство.Надоместокот за издавање на привременото уверение за сметководител ќе изнесува 300 денари.
  • Привремено уверение за овластен сметководител, ќе се издава на лице кое има најмалку средно образование и работно искуство од 10 години, или вишо обраазование и работно искуство од 8 години, или високо образование и 3 години работно искуство.Надоместокот за издавање на привременото уверение за овластен сметководител ќе изнесува 500 денари.
  • Трајно уверение за сметководител или овластен сметководител, ќе се издава на лица кои имаат 25 години работно искуство во сметководствени работи.Надоместокот за издавање на трајно уверение за сметководител или овластен сметководител ќе изнесува 1000 денари.

 

Кон барањето лицето задолжително поднесува:

 

  • Доказ за завршено образование, во копија заверена на нотар,
  • Преглед на пријави/одјави во задолжително социјално осигурување издаден од Агенцијата за вработување во оригинал,
  • Потврд-а/и од работодавач-и за работно искуство во вршење на сметководствени работи за докажување на вкупниот работен стаж потребен за добивање на соодветното уверение, во оригинал или копија заверена на нотар, и
  • Доказ за уплатен надоместок, примерок од налогот за плаќање на јавни приходи ПП 50

 

Лицата кои имаат привремено уверение за сметководител и кои заклучно со 13 февруари 2014 година ги исполниле условите за добивање привремено уверение за овластен сметководител или трајно уверение за сметководител или овластен сметководител кон барањето поднесуваат:

 

  • Доказ за завршено образование, во копија заверена на нотар,
  • Преглед на пријави/одјави во задолжително социјално осигурување издаден од Агенцијата за вработување во оригинал,
  • Потврд-а/и од работодавач-и за работно искуство во вршење на сметководствени работи за докажување на вкупниот работен стаж потребен за добивање на соодветното уверение, во оригинал или копија заверена на нотар,
  • Доказ за уплатен надоместок, примерок од налогот за плаќање на јавни приходи ПП 50, и
  • Уверение за сметководител, во оригинал.

 

Лицата кои имаат привремено уверение за овластен сметководител и кои заклучно со 13 февруари 2014 година ги исполниле условите за добивање трајно уверение за сметководител или овластен сметководител кон барањето поднесуваат:

 

  • Доказ за завршено образование, во копија заверена на нотар,
  • Преглед на пријави/одјави во задолжително социјално осигурување издаден од Агенцијата за вработување во оригинал,
  • Потврд-а/и од работодавач-и за работно искуство во вршење на сметководствени работи за докажување на најмалку 25 години работен стаж потребен за добивање трајно уверение во оригинал или копија заверена на нотар,
  • Доказ за уплатен надоместок, примерок од налогот за плаќање на јавни приходи ПП 50, и
  • Уверение за овластен сметководител, во оригинал.

 

Барањето за добивање на уверение за сметководител или овластен сметководител можете да го преземете со клкнување подoлу на преземи:

Барање за добивање уверение за сметководител или овластен сметководител (ПРЕЗЕМИ)

Налогот за плаќање на јавни приходи ПП 50, се пополнува на следниот начин:

 

Во полето „Цел на дознака“ се впишува: За привремено уверение за сметководител/овластен сметководител/трајно уверение за сметководител или овластен сметководител.
Во полето „Назив и седиште на примачот“ се впишува: Трезорска сметка – Министерство за Финансии.
Во полето „Банка на примачот“ се впишува: Народна банка на Република Македонија.
Во полето „Трансакциска сметка на примачот“ се впишува: 100000000063095
Во полето „Износ“ се впишува: 300 или 500 или 1.000
Во полето „Сметка на корисник“ се впишува 090010016763117
Во полето „Приходна шифра и програма“ се впишува 725939-10

 

  • Објавено на: 12/02/2014
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.