На веб страната на Централниот регистар на РМ објавено е упатство за начинот на поднесување на годишната сметка во електронска форма што како форма за поднесување е задолжително за сите големи и средни трговци согласно член 477 став 9 од Законот за трговските друштва.
Со кликнување подолу на преземи може да го преземете наведеното упатство
Упатство за поднесување годишна сметка (Преземи)
Информации за технички правила за користење на системот, вклучувајќи структура на XML датотека може да најдете на следната веб локација на Централниот регистар, во менито Технички упатства.
XML датотеки со исправна структура, како и можност за проверка на структурата на одредена XML датотека може да најдете во истото мени на страната „Често поставувани прашања“, односно на следната веб локација на Централниот регистар.