+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




17 Март 2014 година краен рок за поднесување на Даночните Биланси за оние кои годишната сметка ќе ја доставуваат по електронски пат до Централниот Регистар

ZnameКако што Ви напоменавме на нашите советувања, односно Ви напишавме во Прирачникот за изготвување на годишната сметка за 2013 година, крајниот рок за поднесување на Даночниот биланс за оданочување на непризнаени расходи (ДБ) и Даночниот биланс на вкупен приход (ДБ-ВП) до Управата за Јавни приходи е 17 МАРТ 2014 (ПОНЕДЕЛНИК).

 

Овој рок се однесува за оние даночни обврзници кои годишната сметка до Централниот регистар ќе ја поднесат во електронска форма задолжително (средните и големите трговци) или доброволно (оние кои сами ќе се одлучат на овој начин да ја поднесат годишната сметка).

 

Наведеното е во согласност со пропишаните одредби на Законот за данокот на добивка каде во член 38-ѓ и во член 39-а е наведено дека Даночните биланси се доставуваат до Управата за јавни приходи во рокот пропишан за поднесување на годишната сметка согласно со Законот за трговските друштва и прописите за сметководство. Потсетуваме дека согласно членот 477 став 5 од Законот за трговските друштва годишната сметка во електронска форма може да се достави до Централниот регистар и до 15 март наредната година. Бидејќи 15 март 2014 година паѓа во сабота соодветно крајниот рок за доставува на даночните биланси (ДБ и ДБ – ВП) е 17 март 2014 година.

 

За наведеното Управата за јавни приходи издаде и официјално  соопштение кое е објавено на нивниот сајт и кое Ви го пренесуваме во продолжение во целост:

 

ДОСТАВУВАЊЕ НА ДАНОЧНИ БИЛАНСИ “ДБ“ И “ДБ-ВП“

 

  • Даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи (“ДБ“)

 

Доколку сте правно лице – резидент на РМ кој остварува добивка од вршење на дејност во земјата и странство или сте постојана деловна единица на странско правно лице која остварува добивка од вршење на дејност на територија на РM, имате обврска најдоцна до 28 февруари 2014 година да поднесете Даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи (образец “ДБ“) до УЈП.

Даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи (образец “ДБ“) немаат обврска да поднесат правните лица кои работат согласно Законот за сметководство на непрофитните организации, односно водат сметководство согласно Правилникот за сметководството на непрофитните организации и притоа вкупната вредност на имотот или годишниот приход е помал од 2.500 евра во денарска противвредност.

Буџетските корисници и единките корисници кои сметководството и деловните книги ги водат одделно по сметки, доставуваат само еден “ДБ“ во кој се искажуваат сумарно сите непризнаени расходи од одделните сметки.

 

  • Поедноставен даночен режим за мали и микро трговци

 

Ако сте мал или микро трговец кој извршува стопанска дејност (освен банкарска, финансиска, осигурителна и дејност од областа на игрите на среќа и забавните игри) и ако во 2013 година, од кој било извор сте оствариле вкупен приход не поголем од 3.000.000 денари на годишно ниво, или пак сте оствариле вкупен приход од 3.000.001 до 6.000.000 денари, и сте се определиле или сакате да се определите за пресметување и плаќање на „годишен данок на вкупен приход“, имате обврска до 28 февруари 2014 година да поднесете Даночен биланс на вкупен приход (образец “ДБ-ВП“) до УЈП.

 

  • Рок и начини за поднесување на даночен биланс

 

По исклучок од горенаведениот рок – 28 февруари 2014 година, ако Годишната сметка до Централниот регистар ја поднесете во електронска форма (задолжително или доброволно), Даночниот биланс за оданочување на непризнаени расходи и Даночниот биланс на вкупен приход до УЈП може да го поднесете НАЈДОЦНА ДО 17 МАРТ 2014 (ПОНЕДЕЛНИК).

Обрасците “ДБ“ и “ДБ-ВП“ можете да ги преземете преку веб страницата на УЈП и да ги доставите на шалтерите на УЈП.

Месечните и тримесечните ДДВ обврзници, даночните биланси имаат обврска да ги достават по електронски пат преку е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk

 

(ПРЕЗЕМИ СООПШТЕНИЕ НА УЈП)

  • Објавено на: 26/02/2014
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.