+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



На веб страната на Уставниот суд на Република Северна Македонија објавено е соопштение кое се однесува на иницијативите за оценка на уставноста на Законот за данок на солидарност. Во соопштението на Уставниот суд е наведено следното: Поради интерес на јавноста во врска со Законот за данок за солидарност, Уставниот суд информира дека се оформени два предмета по поднесени иницијативи, во кои е оспорен Законот во целина. Oва значи дека Уставниот суд допрва ја почнува постапка и ќе ги испитува наводите во двете иницијативи, предметите се предадени на тимови од судии и советници.

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе подетално се осврнуваме на нормативниот, даночниот и сметководствениот третман на лон производството. Исто така Ви даваме и пречистен текст на Царинскиот закон, Упатството за увоз за облагородување и прилози кон Упатството за увоз за облагородување….

Во Службен весник на РСМ број 215 од 13 октомври 2023 година објавена е Исправка на Одлуката за изменување на одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност….

Во Службен весник на РСМ број 214 од 12.10.2023 година објавена е Одлуката за изменување на Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност. Оваа измена ќе се применува од 13 Октомври 2023 година. Со оваа измена на Одлуката направени се две промени во Одлуката објавена претходно во Службен весник на РСМ број 203/23 и која се применува од 6 октомври 2023 година. Измените се однесуваат на следното…

Со одредбите на членовите од 827 до 841 од Законот за облигационите односи (Службен весник на РМ, број 18/01…154/23) пропишани се условите за склучување на договор за комисиона продажба и комисионо работење. Од аспект на Законот за данок на додадена вредност, продажниот комисион како промет на добра е дефиниран во членот 3 став 2 точка 4, додека комисионот како промет на услуга е дефиниран во членот 7 став 2 од ЗДДВ. Со кликнување на повеќе може да го симнете написот за комисиона продажба, а воедно Ви даваме и Терк на Договор за комисион. Исто така Ви даваме и пречистен текст на Законо за облигационите односи…

Податокот за процентот на МДБ за аконтацијата за данок на добивка за месец септември 2023 е позитивен и изнесува 6,6%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец септември 2023 година која треба да се плати до 15 октомври 2023 година…

Поради големиот интерес, а и со цел да излемеме во пресрет на вашите барања, МСФИ Консалтинг организира уште еден on line дополнителен втор термин во рамките на КПУ обуката број 3/2023-8 часа на:
18 Октомври 2023 (среда)

Почитувани, Имајќи во предвид дека во праксата постојат потешкотии околу примената на Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност (Службен весник на РСМ број 203/2023) која се применува од 6 Октомври 2023 година, а со цел да ви помогнеме во нејзината имплементација, во рамките на нашите познавања и можности ги даваме следните насоки:

Измените на Законот за данок на добивка беа објавени во Службен весник на РСМ број 199/2023 година и влегува во сила со денот на објавување, односно на 25.09.2023 година. Согласно преодните одредби на Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка некои измени се применуваат со влегување во сила на законот, но одделни измени се применуваат од 1 јануари 2024 година, односно се применливи од следната фискална година. Со кликнување на повеќе може да го симнете написот во кој се осврнуваме на Новините во Законот за данок на добивка, а воедно Ви го даваме и пречистениот текст на Законот за данокот на добивка…

Во Службен весник на РСМ број 203 од 28 септември 2023 година објавени се повеќе Одлуки на Владата и тоа: Одлука за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало Одлука за изменување на одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени за…

Законот за изменување и дополнување на Законот за данок на додадена вредност беше објавен во Службен весник на РСМ број 199/2023 и влезе во сила со денот на објавувањето, односно на 25.09.2023 година. Со измените на Законот за ДДВ на одделни производи им се намали ДДВ стапката од 18% на 5%, додека на други производи како што се останати производи за човекова исхрана кои не се основни производи за човекова исхрана им се зголеми ДДВ стапката од 5% на 10% ДДВ. Во Службен весник на РСМ број 203 од 28.09.2023 година објавена е Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност. Оваа одлука влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во ,,Службен весник на РСМ”, односно од 6 Октомври 2023 година. Со кликнување подолу на преземи може да го преземете Написот во кој се осврнуваме на Новините во Законот за ДДВ а воедно Ви ја даваме за преземање и Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност….

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.