Во Службен весник на РСМ број 214 од 12.10.2023 година објавена е Одлуката за изменување на Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност. Оваа измена ќе се применува од 13 Октомври 2023 година.
Со оваа измена на Одлуката направени се две промени во Одлуката објавена претходно во Службен весник на РСМ број 203/23 и која се применува од 6 октомври 2023 година. Измените се однесуваат на следното:
- Променета е Табелата во член 2 став 1 точка 1 од Одлуката објавена во Службен весник 203/23 во делот на добра кои се оданочуваат со ДДВ стапка од 5%. Со оваа измена Табелата во точка 1 од Одлуката објавена во Службен весник 203/23 за основни производи за човечка исхрана кои се оданочуваат со стапка на ДДВ од 5%, од реден број 1 до 241 е заменета со нова Табела со реден број од 1 до 256.
- Променете е Табелата во член 2 став 4 од Одлуката која се однесува на добра кои се оданочуваат со ДДВ стапка од 10%. Со оваа измена Табелата во став 4 од Одлуката објавена Службен весник 203/23 од реден број 1 до 389 е заменета со нова Табела со реден број од 1 до 395 за останатите производи за човечка исхрана кои не се основни производи за човечка исхрана и кои се оданочуваат со стапка на ДДВ од 10%.
Останатите одредби на Одлуката објавена во Службен весник на РСМ број 203/23 остануваат исти. Со кликнување подолу на преземи може да ја симнете Измената на Одлуката и Одлуката.
- Измена на Одлуката – Службен весник на РСМ број 214/2023 (ПРЕЗЕМИ)
- Одлука – Службен весник на РСМ број 203/2023 (ПРЕЗЕМИ)