Во Службен весник на РСМ број 203 од 28 септември 2023 година објавени се повеќе Одлуки на Владата и тоа:
- Одлука за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало
- Одлука за изменување на одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед и
- Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки
- Одлука за намалување на увозните давачки за увоз на свеж зеленчук
- Одлука за укинување на увозните давачки за увоз на агруми, свежи или сушени
- Со првата Одлука за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало се определуваат највисоките цени на следните производи:
1) светло пиво во пакување од 0,33l во лименка, 0,5 l во стаклено шише и 1,5 l во пластично шише и лагер пиво;
2) газирани и негазирани пијалоци (сокови), со исклучок на енергетски пијалоци и
3) минерална, газирана и негазирана природна изворска вода.
Највисоките цени на погоре наведените производите се утврдуваат на нивото на цените (со исклучок на цените на акциска продажба) кои се применувале на 19 септември 2023 година, ВО ТРГОВИЈАТА НА ГОЛЕМО, кои цени се намалуваат најмалку за 10%.
Трговците за вршење дејност ТРГОВИЈА НА МАЛО, се должни да ги утврдат цените во трговијата на мало за погоре наведените производи согласно висината на процентот наведен претходно, одноосно за најмалку за 10%). Трговците за вршење дејност трговија на мало, погоре наведените производи кои се поставени на полиците, фрижидерите и разладните уреди треба јасно да ги обележат со натписот „гарантирана цена”, кој е објавен на веб страницата на Министерството за економија.
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на РСМ“ (на 29 септември 2023 година), а ќе се применува до 30 ноември 2023 година.
- Со втората Одлука за изменување на одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед се менува одредбата во однос на референтната цена на оризот и на јајцата, односно наместо цената на 1 септември 2023 година се намалува за 10% малопродажната цена која трговците на мало ја имале на 15 септември 2023 година. Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на РСМ“, (од 29.09.2023 година), а ќе се применува до 30 ноември 2023 година.
- Со третата Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки се определува највисоката трговска (профитна) маржа како посебен услов во трговијата со следните стоки:
– свежо овошје и
– свеж зеленчук.
Највисоката трговска (профитна) маржа за свежо овошје и свеж зеленчук. за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо се утврдува во вкупен износ до 10%, а во трговијата на мало се утврдува во вкупен износ до 15%. Највисоката трговска (профитна) маржа на за свежо овошје и свеж зеленчук ќе се применува до 30 ноември 2023 година.
- Со четвртата Одлука за намалување на увозните давачки за увоз на свеж зеленчук се пропишува мерка за намалување на увозните давачки – царинските стапки и посебните давачки при увоз на свеж зеленчук и овие стоки на овој начин ќе се увезуваат заклучно со 28 февруари 2024 година. Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на РСМ ,односно од 29.09.2023 година.
- Со петтата 5. Одлука за укинување на увозните давачки за увоз на агруми, свежи или сушени се пропишува мерка за укинување на увозните давачки – царинските стапки и посебните давачки при увоз на агруми, свежи или сушени. Количината на стоките од оваа одлука ќе се распределува на регистрираните увозници на овошје по принципот „прв дојден прв услужен“.
Стоките (агруми, свежи или сушени) од оваа одлука ќе се увезуваат на овој начин, заклучно со 31 декември 2023 година. Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на РСМ ,односно од 29.09.2023 година
Одлуките може да ги симнете со кликнување подолу на преземи.