+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Даночно намалување е износ за кој се намалува даночната основа при пресметка на данок на личен доход и тоа при аконтативно пресметување при исплата на доход од работа по основ на плата, надоместоци на плата (со поднесување на МПИН пресметка) и пензија или при годишно пресметување на данок на доход. Даночното намалување за 2024 година е објавено во Службен весник на РСМ број 263/2023 година. Со кликнување на повеќе може да го преземете написот во кој подетално низ примери се осврнуваме на новото лично ослободување кое работодавачите ќе го применуваат при пресметка на платите во 2024 година. Исто така Ви го даваме и соопштението за новото лично ослободување за 2024 година…

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе Ве потсетуваме на одредбите кои го уредуваат благајничкото работење и кои ќе се применуваат и во 2024 година. Исто така ви даваме и терк на Одлука за благајнички максимум за 2024 година и Ви ги даваме и законските текстови на Законот за платежни услуги и платни системи и на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам…

Податокот за процентот на МДБ за аконтацијата за данок на добивка за месец ноември 2023 е позитивен и изнесува 6,8%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец ноември 2023 година која треба да се плати до 15 декември 2023 година…

Со приближувањето на новогодишните празници прашањата за давање на новогодишен надоместок и новогодишни пакетчиња за вработените и давањето на пригодни новогодишни подароци на деловните партнери на друштвото остануваат актуелни. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на законската регулатива која ги уредува наведените прашања како и на сметководствениот и даночниот третман на наведените трошоци кои настануваат на крајот на 2023 година.

Почитувани колеги,
МСФИ КОНСАЛТИНГ организира онлајн КПУ обука број 5/2023-8 часа во ДЕКЕМВРИ 2023 година во следните термини:

– 12 Декември 2023 (вторник)
– 15 Декември 2023 (петок)

Со кликнување на повеќе може да го преземете НОЕМВРИСКИОТ број од 2023 година на стручното списание од областа на сметководството, даноците и финансиите МСФИ СОВЕТНИК…

Врз основа на заклучоците донесени на 199 седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 14.11.2023 година, Министерството за труд и социјална политика известува дека: Сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје на 29-ти ноември 2023 година (среда) ќе работат со скратено работно време до 12:00 часот, а 30-ти ноември 2023 година (четврток) се определува за неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје. Истиот нема да се одработува.

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе низ повеќе примери се осврнуваме на даночниот третман на немонетарните бенефиции за вработени во кој исто така ви презентираме и мислење на министерството за финансии кое се однесува на користењето на службени моторни возила или други превозни средства за приватни цели…

Со Предлог Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, се уредуваат правила и мерки за спречување на наметнување нефер трговски практики, кои отстапуваат од доброто трговско однесување и се утврдуваат нефер трговски практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи со чие наметнување се искористува значителната преговарачка моќ на купувачот во однос на неговите добавувачи. Со цел за ваше информирање во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на предложеното законско решение….

Во продолжение може да ги симнете податоците за плата и надоместоци од работен однос за 2023 година заклучно со периодот ноември 2023 – декември 2023 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 21.11.2023 година…

Во службен весник на РСМ број 244 од 20 ноември 2023 година објавена е измена на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки. Со измената продолжена е мерката за ограничување на маржата во трговијата на големо и трговијата на мало со свежо овошје и свеж зеленчук до 31 декември 2023 година. Потсетувам дека со Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки највисоката трговска (профитна) маржа за свежо овошје и свеж зеленчук за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо се утврдува во вкупен износ до 10%, а во трговијата на мало се утврдува во вкупен износ до 15%.

Почитувани колеги,
МСФИ КОНСАЛТИНГ организира онлајн КПУ обука број 4/2023-8 часа во НОЕМВРИ 2023 година во следните термини:

– 17 Ноември 2023 (петок)
– 23 Ноември 2023 (четврток)
– 29 Ноември 2023 (среда)

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.