Во Службен весник на РСМ број 215 од 13 октомври 2023 година објавена е Исправка на Одлуката за изменување на одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност. Во текстот на Одлуката во членот 1 со кој се менува табелата од член 2 став (1) точка 1 (добра кои се оданочуваат со ДДВ стапка од 5%) во табелата во реден број 213 наместо тарифниот број „120″ треба да стои тарифниот под број „1806 20″, a по редниот број 217 треба да стои реден број 218 кој гласи:
218 | 1902 11 00 00 | -Тестенини неварени, неполнети ниту поинаку приготвени
— Со додаток на јајца |
Останатите редни броеви се поместуваат за еден реден број на напред.
Во членот 2 од ставот (4) во табелата во редниот број 222 наместо тарифната ознака „0712 90 50 00″ треба да стои тарифната ознака „0712 90 30 00″.
Со кликнување подолу на преземи може да ја симнете Исправката, Измената на Одлуката и Одлуката за определување на добра и услуги чиј промет се оданочува со ДДВ стапка од 5% и 10%.
- Исправка на Одлуката – Службен весник на РСМ број 215/2023 (ПРЕЗЕМИ)
- Измена на Одлуката – Службен весник на РСМ број 214/2023 (ПРЕЗЕМИ)
- Одлука – Службен весник на РСМ број 203/2023 (ПРЕЗЕМИ)