+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Многу често во секојдневното работење, друштвата имаат потреба од испраќање на своите вработени на едукација, специјализација, посетување на стручни курсеви и семинари чија цел е стекнување на вработените со одделни вештини и знаења, добивање на уверенија и лиценци кои се потребни во деловното работење на друштвата. Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, се осврнуваме на наведената проблематика со намера да ги појасниме законските основи и даночните реперкусии во 2023 година кои можат да ги предизвикаат трошоците за образование, односно трошоците за стручно оспособување на вработените кога истите паѓаат на товар на друштвото….

Од 20.07.2023 година во примена е новиот Општ колективен договор за јавниот сектор („Службен весник на РСМ“ бр.154), во кој на поинаков начин се пресметува основната плата, но, утврдени се и неколку нови права за работниците од јавниот сектор (пр: регрес за годишен одмор, поголеми износи на јубилејни награди и др.) за кои ве информираме во написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе, прикажувајќи ги споредбено со решенијата од стариот ОКДЈС. Исто така Ви го даваме и интегралниот текст на Општиот колективен договор за јавниот сектор….

За стекнување на сопствени удели друштвото е потребно да формира посебни резерви од остварената добивка во тековната година или од други резерви, односно од акумулирана добивка. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на нормативниот, сметководствениот и даночниот третман на стекнување на сопствени удели во друштво со ограничена одговорност. Воедно Ви даваме и пречистен текст на Законот за трговските друштва…

Податокот за процентот на МДБ за аконтацијата за данок на добивка за месец јули 2023 е позитивен и изнесува 5,9%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец јули 2023 година која треба да се плати до 15 август 2023 година…

Во „Службен весник на РСМ“ бр.154/23 од 20.07.2023 година, објавени се неколку нови закони и тоа: Закон за дополнување на Законот за облигациони односи; Закон за измени и дополнување на Законот за извршување и Закон за измени и дополнување на Законот за финансиските друштва. Дел од решенијата во сите овие закони се во насока на заштита на граѓаните. За новините во наведените закони, ве информираме во написот кој може да го преземете со кликнување подолу на повеќе. Исто така Ви ги даваме и пречистените текстови на Законот за облигационите односи, Законот за извршување и Законот за финансиски друштва во кои се вклучени и овие последни измени на законите.

Со кликнување на повеќе може да го преземете двобројот ЈУЛИ/АВГУСТ од 2023 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на стручното списание МСФИ СОВЕТНИК…

Како краен рок за поднесување на даночните пријави ДДВ-04 за даночните периоди 01-04.2023 – 30.06.2023 и за 01.06.2023 – 30.06.2023 година од месечните и тримесечните обврзници за ДДВ наместо 25.07.2023 година ќе се смета 26.07.2023 година.

Во продолжение може да ги симнете податоците за плата и надоместоци од работен однос за 2023 година заклучно со периодот јули 2023 – август 2023 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 21.07.2023 година…

Поради климатските или природните услови и зголемените активности во определен период (земјоделски, градежни, угостителски и сл.), за голем број работодавачи, не е рационално за таков тип на работа да склучуваат договор за вработување со работник на неопределено време за извршување работи кои претежно се од сезонски карактер. За таа цел со Законот за работните односи, востановена е сезонската работа како посебен вид работа на определено време и за овој тип работа ЗРО содржи посебни одредби. Договорот за вршење сезонска работа претставува договор за вработување на определено време, за вршење сезонска работа важат одделни поинакви услови кои се определени со посебни одредби во ЗРО за кои пишуваме во написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе. Исто така Ви даваме и Модел на договор за вработување за вршење сезонска работа…

Во ЗРО, со посебни одредби се утврдува постапката за откажување на договорот од деловни причини и се утврдуваат одделни права и обврски за работодавачот и за работникот на кој му престанува работниот однос поради деловни причини. Одредбите од член 97 од ЗРО го обврзуваат работодавачот на работникот да му исплати испратнина во висина од една до седум плати во зависност од поминатите години во работен однос кај ист работодавач. Повеќе во врска со законскиот, сметководствениот и даночниот третман во 2023 година на откажување на договорот за вработување од деловни причини може да прочитате во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе низ повеќе примери се осврнуваме на сметководствениот и данониот третман на вложувањата во уредување на просторот околу компаниите, изградба на пристапен пат, паркинг простор, патеки и хортикултурно уредување….

Согласно одредбите на член 23 од Законот за девизно работење, резидентите можат да отвораат и да имаат сметки во странство под одредени услови кои ги пропишува Народната банка на РСМ. Тие услови се пропишани со Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство (Службен весник на РМ, бр. 42/16…89/22). Со кликнување на повеќе може да го симнете написот во кој подетално може да прочитате кои резиденти и врз кои основи можат слободно да отвораат и да имаат сметки кај странски банки. Исто така Ви ги даваме за преземање и пречистениот текст на Законот за девизно работење и пречистениот текст на Одлуката на НБРСМ…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.