+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Со кликнување на повеќе може да го симнете Написот во кој подетално низ примери Ве запознаваме со ангажирањето на практиканти, пресметката на данок на личен доход и придонеси на надоместокот за практиканство и начинот на пополнување на МПИН пријавата во 2024 година. Исто така ви даваме и Терк на Договор за практикантство, Темплејт за пресметка на данок на личен доход и придонеси на надомест за практиканство во 2024 година и Законот за практиканство…

Со кликнување на повеќе може да го преземете МАРТОВСКИОТ број од 2024 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Во Службен весник на РСМ број 68 од 22.03.2024 година министерот за труд и социјална политика ја објави висината на минималната бруто плата која ќе изнесува 33.352 денари. Нето платата од овој износ е 22.567 денари и треба да започне да се применува почнувајќи од платата за месец март 2024 година заклучно со исплатата на платата за месец февруари 2025 година. Повеќе во врска со наведеното може да прочитате во написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе. Воедно Ви ја даваме и Објавата на Министерот за труд и социјална политика за минималната плата како и Пречистен текст на Законот за минимална плата во РСМ…

Во продолжение може да ги симнете податоците за плата и надоместоци од работен однос за 2024 година заклучно со периодот март 2024 – април 2024 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 21.03.2024 година…

Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи е објавен во Службен весник на РСМ број 66 од 20 март 2024 година. Законот влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на РСМ, односно на 28 март 2024 година. Со кликнување на повеќе може да го симнете написот во кој подетално се осврнуваме на примената на Законот…

Со кликнување на повеќе може да го симнете Написот во кој подетално се осврнуваме на законските прописи кои ја регулираат гаранцијата како и сметководствените и даночните аспекти на трошоците за извршени поправки и сервисирања во гарантен и во негарантен рок со посебен осврт на измените на Законот за ДДВ во однос на прометот на услуги кои стапија во сила од 01.01.2024 година…

Во рамките на Иницијативата Отворен Балкан договорена е соработка и во областа на слободно движење на граѓаните и слободен пристап до пазарот на трудот. Тоа значи дека граѓаните на трите земји кои сакаат да се вработат во некоја од членките на Отворен Балкан (или веќе нашле работодавач), потребно е да поседуваат ID број, кој се добива со регистрирање по електронски пат (во неколку чекори). Повеќе за наведеното може да прочитате во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

Повеќе во врска со плаќањето на аконтациите од страна на ТП и СВД во 2024 година вклучително и на новооснованите ТП и СВД може да прочитате во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на повеќе…

Друштвата кои по годишната сметка за 2023 година имаат поднесено даночен биланс – Образец ДБ и кои на полето АОП 40 – Даночна основа, имаат искажано износ со минусен предзнак (негативен износ) имаат остварено даночна загуба. Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи подетално се осврнуваме на даночната загуба за 2023 година и правото на пренос во следните 3 фискални години како право на намалување на даночната основа во ДБ за 2024, 2025 и 2026) година…

Податокот за процентот на МДБ за аконтацијата за данок на добивка за месец февруари 2024 е позитивен и изнесува 0,8%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец февруари 2024 година која треба да се плати до 15 март 2024 година…

Почитувани колеги Пред поднесување на годишната сметка во ЦРМ ве молиме проверете дали имате долг по основ на членарина кон ИСОС. Проверката може да ја направите на вашиот профил на ИСОС со кликнување на линкот подолу: https://smetkovoditel.isos.com.mk/ За најава на вашиот профил внесете го вашиот број на уверение и последните 6 бројки од вашиот матичен…

Обврската за изготвување на консолидирана годишна сметка и консолидирани финансиски извештаи за 2023 година произлегува од Законот за трговски друштва, како и согласно Меѓународните стандарди за финансиско известување. Консолидираната годишна сметка за 2023 година заедно со консолидираните неревидирани финансиски извештаи друштвото е должно да достави до Централниот регистар на РСМ, најдоцна до 31 март 2024 година. Извештајот за ревизијата на консолидираната годишна сметка и консолидираните финансиски извештаи треба да се достават до Централниот регистар на РМ, најдоцна до 30 јуни 2024 година. Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на повеќе аспекти при изготвување на консолидирана годишна сметка и консолидирани финансиски извештаи за 2023 година…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.