+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Со Законот за работни односи, предвидена е можност договор за вработување со работникот да биде склучен со полно или со неполно работно време (скратено работно време). Како скратено работно време, согласно Законот за работните односи, се смета времето кое е пократко од полното работно време кај работодавачот, односно пократко од 40 часови неделно. Колку часови дневно треба да изнесува работното време на работник кој склучил договор до скратено работно време, ЗРО не определува, па работодавачот сам одлучува на колку часови ќе го ангажира работникот. Подетално за специфичностите во однос на правата и обврските на работникот при вработувањето со скратено работно време вклучително и за начинот на пресметка на платата може да прочитате во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

Oсобено е важно да се процени дали една инвестиција во овој вид на средство преставува трошок на периодот или зголемување на вредноста на средствата, бидејќи тоа може да има значително влијание врз финансиската позиција и перформансите на работење на друштвото, а секако имајќи во предвид дека финансискиот резултат на друштвото ја формира даночната основа за цели на оданочување со данок на добивка ова прашање е особено важно и од даночен аспект. Во написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе се осврнуваме на проблематиката кога вложувањата во долгорочни материјалните средства се евидентираат како расходи на тековно или на инвестициско вложување, а кога истите се искажуваат како зголемување на вредноста на средствата (ја зголемуваат вредноста на сметките од класа 0)…

На веб страната на Министерството за економија објавено е УПАТСТВО за примена на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки (Училишен прибор). Упатството е во функција на појаснување на примената на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки (Службен весник на РСМ бр.183 од 3.09.2024 година), со која се определува највисоката трговска (профитна) маржа како посебен услов во трговијата со училишен прибор…

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на сметководствениот третман на производството на грозје како плод на виновата лоза што се користи за производство на вино, и на виното како производ добиен со целосна или делумна алкохолна ферментација на свежо грозје….

Во Службен весник на РСМ број 183 од 03.09.2024 година објавена е Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки која влезе во сила на 03.09.2024 година. Со оваа одлука се определува највисоката трговска (профитна) маржа како посебен услов во трговијата со училишен прибор…

Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнување на законската можност, но и на сметководствените и даночните аспекти на исплатата на аванс на дивиденда во 2024 година…

овреда на работа може да претрпи вработено лице кај работодавачот на неопределено или определено време, сезонски работници, но и други лица кои се вклучени во процесот на работа кај работодавачот, а кои не се вработени (ангажирани по договор за дело, волонтери, практиканти, ученици и студенти на практична работа и други лица). Но, дали работникот или друго лице има право на надомест на штета при секоја повреда на работа и кога работодавачот е одговорен за штета поради повреда на работа ?
На сите овие прашања се осврнуваме во написот кој може да го преземетe со кликнување на повеќе…

Согласно одредбите на член 24-а од Законот за ДДВ, ослободен од оданочување со данок на додадена вредност е прометот на добра и услуги за реализација на проект кој е финансиран со парични средства добиени врз основа на договор за донација, склучен помеѓу РСМ и странски донатор доколку во тој договор е предвидено дека со добиените парични средства нема да се плаќаат даноци. Овие проекти кои се финансирани од странски донации исто така се ослободени и од увозни давачки, акциза и од данок на мотони возила. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, се осврнуваме на примената на наведените даночни ослободувања. Исто така за преземање Ви ја даваме и релевантната законска и подзаконска регулатива…

Со кликнување на повеќе може да го преземете двобројот ЈУЛИ/АВГУСТ од 2024 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на стручното списание МСФИ СОВЕТНИК…

Основните услови за склучување договор за вработување на младо лице (малолетно лице) се пропишани во член 18 од Законот за работните односи. Со кликнување на повеќе може да го симнете Написот во кој се осврнуваме на вработувањето на малолетни лица и исто така Ви го даваме пречистенио текст на Законот за работните односи…

Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на законските одредби и максималниот законски дозволен износ на девизи и на денари кои резидентите и нерезидентите може да ги изнесуваат или внесуваат во РСМ. Исто така Ви презентираме и примерок од Образецот за пријавување на ефективни странски и домашни пари и чекови кои резидентите и нерезидентите ги внесуваат или изнесуваат од Република С. Македонија и начинот на пополнување на Образецот кој се доставува до Царинска Управа…

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на целокупната законска регулатива врзана за донациите и спонзорствата во јавните дејности, со посебен акцент на условите, начинот и постапката за остварување на правата на даночните поттикнувања од аспект на данокот на додадена вредност, данокот на добивка, данокот на личен доход и даноците на имот…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.