+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе Ве потсетуваме на одредбите кои го уредуваат благајничкото работење и кои ќе се применуваат и во 2024 година. Исто така ви даваме и терк на Одлука за благајнички максимум за 2024 година и Ви ги даваме и законските текстови на Законот за платежни услуги и платни системи и на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам…

Со приближувањето на новогодишните празници прашањата за давање на новогодишен надоместок и новогодишни пакетчиња за вработените и давањето на пригодни новогодишни подароци на деловните партнери на друштвото остануваат актуелни. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на законската регулатива која ги уредува наведените прашања како и на сметководствениот и даночниот третман на наведените трошоци кои настануваат на крајот на 2023 година.

Врз основа на заклучоците донесени на 199 седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 14.11.2023 година, Министерството за труд и социјална политика известува дека: Сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје на 29-ти ноември 2023 година (среда) ќе работат со скратено работно време до 12:00 часот, а 30-ти ноември 2023 година (четврток) се определува за неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје. Истиот нема да се одработува.

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе низ повеќе примери се осврнуваме на даночниот третман на немонетарните бенефиции за вработени во кој исто така ви презентираме и мислење на министерството за финансии кое се однесува на користењето на службени моторни возила или други превозни средства за приватни цели…

Со Предлог Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, се уредуваат правила и мерки за спречување на наметнување нефер трговски практики, кои отстапуваат од доброто трговско однесување и се утврдуваат нефер трговски практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи со чие наметнување се искористува значителната преговарачка моќ на купувачот во однос на неговите добавувачи. Со цел за ваше информирање во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на предложеното законско решение….

Во службен весник на РСМ број 244 од 20 ноември 2023 година објавена е измена на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки. Со измената продолжена е мерката за ограничување на маржата во трговијата на големо и трговијата на мало со свежо овошје и свеж зеленчук до 31 декември 2023 година. Потсетувам дека со Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки највисоката трговска (профитна) маржа за свежо овошје и свеж зеленчук за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо се утврдува во вкупен износ до 10%, а во трговијата на мало се утврдува во вкупен износ до 15%.

Во Службен весник на РСМ број 237 од 9.11.2023 објавена е измена на Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало. Со измената ограничувањето на цените ќе се однесува само на следните производи: 1) светло пиво во пакување од 1,5 l во шише; 2) газирани пијалоци (сокови) во пакување над 1 l во шише; 3) негазирани пијалоци (сокови) во тетрапак пакување и 4) минерална, газирана и негазирана природна изворска вода во пакување над 1 l во шише.. Измената на Одлуката влегува во сила на 10 ноември 2023 година.

МСФИ Консалтинг на сите свои соработници, пријатели и професионалци кои работат во сметководствената професија им го честита меѓународниот ден на сметководители.

Со член 7 од Законот за изменување и дополнување на Законот за ДДВ (“Службен весник на РСМ” бр.199/23, во сила од 25.09.2023) променет беше член 19 став 5 од Законот за ДДВ за тоа што преставува даночна основа при присилна наплата и присилно извршување со следните одредби: „При преносот на движен и недвижен имот во постапка за присилна наплата и во постапка за присилно извршување, даночна основа претставува постигнатата крајна цена намалена за данокот на додадена вредност, пресметан со примена на пресметковна стапка утврдена врз основа на пропишаната даночна стапка освен во случај кога доверителот се стекнува со движниот или недвижниот имот во постапката на присилна наплата и во постапката за присилно извршување, за што даночна основа претставува постигнатата крајна цена.“ Повеќе во врска со наведената законска новина може да прочитате во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи….

Спортисти, согласно член 30 од Законот за спорт, се: спортисти од сите возрасти кои учествуваат во спортски активности и сите учесници во спортско – рекреативните активности. Член 31 од Законот за спорт дефинира дека спортските активности се извршуваат професионално и аматерски. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на даночниот третман на примањата кои ги остваруваат професионалните спортисти и обврската за плаќање на придонес врз основа на инвалидност и телесно оштетување за спортистите аматери….

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе низ примери се осврнуваме на даночниот и сметководствениот третман на авансите во редовниот промет на добра и услуги и на авансите во услови на Reverse Charge при примена на член 32-а од Законот за ДДВ. Исто така даваме одговори и на прашањето Што ако по дадениот аванс и добиената авансна фактура никогаш не настане конечна испорака на добра или услуги ?

Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи низ повеќе примери се осврнуваме на измените во член 19 од Законот за ДДВ во делот кој се однесува на дефинирање на тоа што преставува даночна основа за целите на ДДВ на прометот остварен од увезени употребувани патнички моторни возила…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.