+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Продолжено важењето на Одлуката за највисоките цени во трговијата на големо и на мало на пивото, соковите и водите

Во Службен весник, бр. 282/23 од 27.12.2023 објавена е измена на Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало со која е продолжено нејзиното важење до 31 јануари 2024 година.

Потсетуваме дека ограничувањето на цените се однесува на следните производи:

1) светло пиво во пакување од 1,5 l во шише;
2) газирани пијалоци (сокови) во пакување над 1 l во шише;
3) негазирани пијалоци (сокови) во тетрапак пакување и
4) минерална, газирана и негазирана природна изворска вода во пакување над 1 l во шише.

Примената на Одлуката за ограничување на цените првично беше продолжена до 31 декември 2023 година, наместо до 30 ноември 2023 година, а сега до 31 јануари 2024 година

Во иницијалната Одлука, ограничувањето на цените се однесуваше на следните производи (од 29 септември до 09 ноември 2023 година):

1) светло пиво во пакување од 0,33l во лименка, 0,5 l во стаклено шише и 1,5 l во пластично шише и лагер пиво;
2) газирани и негазирани пијалоци (сокови) и
3) минерална, газирана и негазирана природна изворска вода

Останатите одредби од Одлуката не се изменети, односно највисоките цени на производите наведени во Одлуката се утврдуваат на нивото на цените (со исклучок на цените на акциска продажба) кои се применувале на 19 септември 2023 година, во трговијата на големо, намалени за најмалку за 10%.

Трговците на мало, се должни да ги утврдат цените за овие производи согласно со ограничувањата на највисоките цени во трговијата на големо. Трговците на мало, претходно наведените производи кои се поставени на полиците, фрижидерите и разладните уреди треба јасно да ги обележат со натписот „гарантирана цена”.

  • Објавено на: 29/12/2023
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.