+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Согласно член 148 од Законот за работните односи („Службен весник на РСМ“ бр.62/05…272/24), работникот има право на отсуство од работа со надоместок на плата за празниците на Република Северна Македонија, коишто се определени како слободни денови од работа и за другите со закон определени слободни денови. Но, ова право на работникот може да му се ограничи, ако работниот, односно производниот процес се одвива непрекинато или природата на работата бара вршење на работата и на празничен ден. Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе даваме одговор на прашањето кој смее да работи на државен празник како што е во сабота е 24 Мај Св. Кирил и Методиј Ден на сесловенските просветители, и како се пресметува платата за работа на државен празник кој се паѓа во сабота…

Имотот кој го вложуваат содружниците при основањето на едно друштво може да се состои од: парични и непарични влогови, при што како лица кои вложуваат, односно содружници, можат да се јават домашни и странски физички или правни лица. При пренесувањето на стварите (подвижни и недвижни) и правата кои содружниците ги вложуваат во друштвото логично се наметнува прашањето: Дали непаричниот основачки влог на содружниците се оданочува со ДДВ ?

Со одредбите на член 191 став 1 од ЗТД е пропишано: “Со договорот за друштвото може да се определи сите или одделни содружници да се обврзат да дадат дополнителни доплати над износот на влогот само кога е тоа потребно за покривање на загубите или за привремена неопходна потреба од парични средства.” Со дополнителните доплати, кои по правило имаат долгорочен карактер, се овозможува друштвото да стекне парични средства од содружниците, без зголемување на влоговите на содружниците. Во написот кој може да го симнете со кликнување на преземи, подетално низ примери се осврнуваме на законската можност за покривање на загубите на друштвото преку дополнителни доплати уплатени од страна на содружниците, односно акционерите…

Во Службен весник на РСМ, број 95,од 13.05.2025 година, објавен е нов Правилник за минимално-техничките услови на објектите за вршење на туристичка дејност. Правилникот е донесен врз основа на член 8 став 2 од Законот за туристичката дејност („Службен весник на РМ” бр. 62/04…16/25, и со него се пропишуваат минимално-техничките услови на објектите за вршење на туристичка дејност. Правилникот влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на РСМ (14.05.2025 година) и со негово влегување во сила престанува да важи стариот Правилник за минимално-техничките услови на објектите за вршење на туристичка дејност

Со доаѓањето на времето за берба на голем број на земјоделски производи, стануваат актуелни прашањата за откупот и исплатата на откупените земјоделски производи кој правните лица го вршат од физички лица – земјоделци. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе даваме одговори на повеќе прашања поврзани со даночниот третман на откупот на земјоделски производи и оданочувањето на приходите од земјоделска дејност кои ги остваруваат физичките лица земјоделци во 2025 година, вклучително и оние кои се регистрирани за целите на ДДВ…

Во Службен весник на РСМ, бр. 87/25 објавен е Законот за даночно ослободување со цел реализирање на Одлуката за склучување на анекс на договорот за концесија за промена на намената на дел од средствата. Со законот се уредуваат условите, начинот и постапката за остварување на даночното ослободување од ДДВ за прометот на добра и услуги за реализација на проектите согласно со Одлуката за склучување на анекс на договорот за концесија за промена на намената на дел од средствата („Службен весник на РСМ“ број 17/25). Повеќе во врска со даночниот третман на прометот на добра и услуги за реализација на проектите наведени во Одлуката може да го прочитате во написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе…

Во собраниска постапка на донесување е Предлог Закон за работно ангажирање на лица за вршење повремени и сезонски работи во одредени дејности. Со предложениот закон се овозможува поедноставена постапка при ангажирање на лица за вршење сезонски или повремени работи со обезбедување одделни права од социјално осигурување на ангажираните лица (пензиско и инвалидско осигурување и дополнително здравствено осигурување во случај на повреда и несреќа на работа)…

Во „Службен весник на РСМ“, бр. 84/25 објавена е Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите кои што не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство, која влегува во сила на 2.05.2025 година. Предметните измени се однесуваат на субјектите – резидентите кои што вршат услуги во меѓународниот транспорт на стоки и патници, односно со Одлуката им се пропишува можност за отворање на сметка во странство за наплата на своите побарувања остварени врз основа на извршени услуги во меѓународниот транспорт…

Одделни субјекти кои не се даночни обврзници на Република Македонија, а платиле македонско ДДВ имаат право да го вратат вака платеното ДДВ во посебна постапка. Правото на враќање се однесува на: нерезидентите, односно даночните обврзници без седиште, подружница, постојано живеалиште или престојувалиште во РСМ, непрофитните организации и странските дипломатски или конзуларни претставништва како и меѓународните организации. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе подетално се осврнуваме на постапката на враќање на ДДВ на овие посебни субјекти кои платиле македонско ДДВ. Воедно Ви ја даваме за преземање и релевантната законска регулатива…

Во Службен весник 84 од 24 април 2025 година објавена е Одлука за изменување на Одлуката за донесување на националната класификација на дејностите – НКД РЕВ.2.1. Со измената се интервенира во класата 69.10 ,,Правни дејности“ …

Со кликнување на повеќе може да го преземете АПРИЛСКИОТ број од 2025 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Годишен извештај за работењето на друштвото за претходната 2024 година, е еден од актите кои трговското друштво има обврска да го подготви согласно Законот за трговските друштва („Службен весник на РСМ“ бр.28/04…272/24). Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи Ве потсетуваме на одредбите од ЗТД кои се однесуваат на изготвување на Извештај за работењето на друштвото за претходната 2024 година и негово усвојување од страна на органите на друштвото. Воедно Ви даваме и пречистен текст на Законот за трговските друштва…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.