+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Продолжена е примената на Одлуката за гарантирани цени до 31.01.2024 година

Со Одлуката за изменување на одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало (“Службен весник на РСМ”, бр. 282 од 27.12.2023 година) продолжена е примената на гарантирани цени на одделни производи до 31.01.2024 година.

Потсетуваме Одлуката за гарантирани цени се однесува на следните производи:

1) ориз бел, во пакување од 900 g до 1kg; (од 29.9.2023 г. овој производ прејде на режим на лимитирана трговска маржа до најмногу 10% во однос на цените на 15.9.2023 година)
2) брашно пченично тип 400 и тип 500;
3) бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 g (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите;
4) други пекарски производи;
5) бисквити „Petit Beurre“ и бисквити обични и посни од 300 до 500 g;
6) наполитанки, со фил од какао крем (обични, непрелиени) од 300 до 500 g;
7) тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без и со јајца од 500 g;
8) јунешко месо без коски, од бут или некој друг дел;
9) свинско месо без коски, од бут или некој друг дел;
10) мелено месо свинско и јунешко;
11) пиле свежо или замрзнато (цело);
12) пилешки стек свеж или замрзнат;
13) чаен колбас (јунешки, свински и говедски) без додатоци и без слајс пакување;
14) пилешка посебна салама (без слајс пакување);
15) паштета од џигер и пилешка (без додатоци) во пакување од 95 и 100 g;
16) трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1 l;
17) јогурт од кравјо млеко обичен (без додатоци) со масленост од 2,8% до 3,2%, во пакување од 1 l и 1,5 l;
18) кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2%, во пакување од 300 до 500g;
19) павлака од кравјо млеко со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180 или 200 g;
20) традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење (без додатоци);
21) традиционален кравји и мешан кашкавал (без додатоци) и
22) свежи јајца од кокошка.; (од 29.9.2023 г. овој производ прејде на режим на лимитирана трговска маржа до најмногу 10% во однос на цените на 15.9.2023 година)

Во трговијата на мало највисоките цени на производите/стоките наведени во точките 2), 3), 4), 5), 6), 7), 8), 9), 10), 11), 12), 13), 14), 15), 16), 17), 18), 19), 20) и 21) се утврдуваат на нивото на цените (со исклучок на цените на акциска продажба), кои се применувале на 1 август 2023 година, во трговијата на мало, кои цени се намалуваат најмалку за 10%. Највисоките цени на производите/стоките наведени во точките 1) и 22) се утврдуваат на нивото на цените (со исклучок на цените на акциска продажба), кои се применувале на 15 септември 2023 година, во трговијата на мало, кои цени се намалуваат најмалку за 10%. Трговците за вршење дејност трговија на мало можат да нудат акциска продажба (акција) за намалување на гарантираната цена на производите/стоките од членот 1 од оваа одлука. Цените во трговијата на мало кои се намалуваат поради истекување на рокот на земјоделските и прехранбените производи не се сметаат за акциска продажба (акција). Трговците за вршење дејност трговија на мало погоренаведените производи/стоки кои се поставени на полиците, фрижидерите и разладните уреди, треба јасно да ги обележат со натписот „гарантирана цена”, кој е објавен на веб-страницата на Министерството за економија.

Трговците за вршење дејност производство и дејност трговија на големо, за горе наведените производи/стоки одобруваат рабат и други надоместоци кон трговецот за вршење дејност трговија на мало, во висина до 5%.

  • Објавено на: 29/12/2023
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.