+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Со најновите измени објавени во Законот за изменување на Законот за данок на добивка (“Службен весник на РСМ”, број 151/ 2021) зголемен е износот на трошок за платени лабараториски тестови за COVID-19 кој што ќе има третман на признат расход за даночни цели во 2021 година. Со кликнување на повеќе може да го преземете Написот во кој низ примери се осврнуваме на сметководствениот и даночен третман во 2021 година на трошоците за лабараториски тестови за Ковид 19 кои ги плаќаат македонските компании за своите вработени…

Во вториот дел од Написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи повторно се осврнуваме на обврските кои произлегуваат од новиот Закон за заштита на личните податоци но подетално на обврската за определување офицер за заштита на личните податоци, на прашањата за нарушување на безбедноста на личните податоци и проблематиката поврзана со обработката на лични податоци преку систем за вршење видео надзор во услови на примена на Законот. Исто така Ви даваме и повеќе теркови во Microsoft word кои може да ги прилагодите, а се поврзани со имплементација на Законот за заштита на личните податоци…

Со кликнување подолу на повеќе може да ги симнете написот во кој се осврнуваме на обврските кои произлегуваат од новиот Закон за заштита на личните податоци („Службен весник на РСМ“ бр.42/20 од 16.02.2020), стапи на сила и се применува од 24.02.2020 година.. Со преодните одредби од Законот за заштита на личните податоци, утврден е рок за усогласување на работењето на контролорите и обработувачите на лични податоци, кој изнесува 18 месеци од стапувањето на сила на ЗЗЛП, односно најдоцна до 24.08.2021 година…

Со кликнување на повеќе може да го преземете двобројот ЈУЛИ/АВГУСТ од 2021 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на стручното списание МСФИ СОВЕТНИК…

Со кликнување на повеќе може да го симнете Написот во кој подетално се осврнуваме на повеќе прашања поврзани со имплементација на предложеното законско решение а особено: Кои долгови и трошоци се репрограмираат, односно која камата се отпишува? Каква е постапката за отпис на камата и репрограмирање на долг? Како се врши репрограмирањето на главниот долг и трошоците? Кој врши надзор на примената на Законот и какви се прекршочни одредби до колку не се почитуваат одредбите на Законот…

Бидејќи крајниот рок 25 јули 2021 година се паѓа во недела (неработен ден) дали може да се поднесуваат ДДВ пријави и во понеделник 26 јули 2021 година како краен рок за поднесување на ДДВ пријавите од страна на месечните ДДВ обврзници за месец јуни, односно за тромесечните ДДВ обврзници за периодот април – јуни 2021 година. Исто така Ве молиме да ни одговорите кој е крајниот рок за плаќање на обврската по оваа ДДВ пријава ?

Во собраниска постапка (на 45-тата седница на Собранието на РСМ) е донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за трговски друштва. За новините предложени со Предлог Законот, повеќе може да прочитате во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

Со ова Законско решение се пропишува намалување на стапката од 18% на 5% за прометот и увозот на електричната енергија за домаќинствата за период од денот на влегување во сила на овој закон до 30 јуни 2022 година. Во периодот од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година на прометот и увозот на електрична енергија за домаќинствата ќе се применува даночна стапка од 10%. Од 1 јули 2023 година прометот и увозот на електричната енергија за домаќинствата повторно би се оданочувал со ДДВ стапка од 18%.

Согласно член 10 став 2 од Законот, надоместокот на трошоци за храна и трошоци за превоз до и од местото на волонтирање се исплатува најмногу во висина до 15% од просечната месечна плата во Републиката исплатена за претходната година и за 2021 година изнесува 6.085,00 денари. Подетално за даночниот третман на примањата на волонтери како и за обврската за плаќање на придонес врз основа на инвалидност и телесно оштетување во 2021 година Ви даваме во Написот кој може да го симнете се кликнување на повеќе…

Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи се осврнуваме на законските одредби кои ја регулираат висината на надоместокот за користење на сопствено возило како и на даночниот и сметководствениот третман на исплатениот надоместок во 2021 година согласно Законот за данокот на добивка и Законот за данок на личен доход…

Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу не преземи детално се осврнуваме на одредбите кои се предлагаат да се изменат во Законот за работните односи и во Законот за трговија, со цел да се овозможи неделата да биде неработен ден и исклучоците од ова правило….

Во Службен Весник на РСМ, бр. 151 од 6 јули 2021 година, објавени се два Закона за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот. Во редоследно прво објавениот Закон за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот, кој се применува од 14 јули 2021 година, се менуваат само прекршочните одредби од законот.
Позначајни новини носи редоследно второ објавениот Закон за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот, кој исто така се применува од 14 Јули 2021 година и во кој се пропишани следните законски новини…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.