+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




МСФИ Вести: Во Службен весник на РСМ број 270 од 6 декември 2021 објавена е Одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало

Во Службен весник на РСМ број 270 од 6 декември 2021 објавена е Одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало.

Со наведената оваа одлука се определуваат највисоките цени во трговијата на големо и трговијата на мало на следните производи:

  • леб;
  • шеќер;
  • брашно – тип 400;
  • сончогледово масло за јадење;
  • трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%;
  • свежо месо и сувомеснати производи и
  • сирење и урда.

Највисоките цени на претходно наведените производи се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало.

Во определување на највисоките цени на погоре наведените производи се исклучуваат цените на привремените попусти (акциски попуст / снижување распродажба) кои важеле на 1 декември 2021 година, во кои случаи за највисоки определени цени ќе се сметаат цените на производите кои непосредно се применувале пред 1 декември 2021 година, односно пред нивните привремени попусти.

Постоењето на привремениот попуст (акциски попуст / снижување / распродажба) за конкретните производи од член 1 од оваа одлука го докажува трговецот со:

  • Влезна фактура од добавувач/производител со одобрен попуст;
  • Влезна фактура од добавувач/производител со дополнително книжно одобрение за попуст или фактура за маркетинг надомест за спроведување на акцијата и
  • Договор или друг вид на двостран акт со кој се потврдува попустот, за кој сеуште не е издадено книжно одобрение.

Највисоките цени на погоре наведените производи ќе се применуваат до 31 јануари 2022 година.

Одлуката влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”, односно на 6 Декември 2021 година.

Со кликнување подолу на преземи може да ја симнете Одлуката.

Одлука за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало – Службен весник на РСМ број 270-2021 (ПРЕЗЕМИ)

 

  • Објавено на: 06/12/2021
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.