+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Со цел појаснување на обврската за именување на офицер за заштита на лични податоци, МСФИ Консалтинг постави прашање до Агенцијата за заштита на личните податоци, дали сметководствените бироа имаат задолжителна обврска да именуваат офицер за заштита на лични податоци. Одговорот на Агенцијата може да го симнете со кликнување на повеќе….

Владата на Република С. Македонија на својата 99-та седница одржана на 17.08.2021 година ги донесе најновите мерки, протоколи препораки за заштита на здравјето на населението од КОВИД – 19, врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести. Овие мерки стапуваат на сила по нивното објавување во „Службен весник”, односно од утре 18 август 2021 година. Мерките се обајвени во Службен весник на РСМ број 193/2021 од 18.08.2021 година…

Согласно точката 41 од МСС 16, ревалоризационите резерви можат директно да бидат пренесени во акумулирана добивка кога средството ќе биде отпишано, односно повлечено од употреба или продадено. Пренесувањето на ревалоризационите резерви на акумулирана добивка (пренос од сметката 930 на сметката 950) со заобиколување на Билансот на успех предизвикува определени даночни импликации од аспект на данокот на добивка. Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи подетално низ примери се осврнуваме на оданочувањето со данок на добивка на ревалоризационите резерви при пренос во акумулирана добивка…

Во „Службен Весник на РСМ” бр. 177 од 3 август 2021 година објавена е Одлука за изменување на одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство, која стапува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на РСМ односно на 11 август 2021 година…

Со најновите измени објавени во Законот за изменување на Законот за данок на добивка (“Службен весник на РСМ”, број 151/ 2021) зголемен е износот на трошок за платени лабараториски тестови за COVID-19 кој што ќе има третман на признат расход за даночни цели во 2021 година. Со кликнување на повеќе може да го преземете Написот во кој низ примери се осврнуваме на сметководствениот и даночен третман во 2021 година на трошоците за лабараториски тестови за Ковид 19 кои ги плаќаат македонските компании за своите вработени…

Во вториот дел од Написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи повторно се осврнуваме на обврските кои произлегуваат од новиот Закон за заштита на личните податоци но подетално на обврската за определување офицер за заштита на личните податоци, на прашањата за нарушување на безбедноста на личните податоци и проблематиката поврзана со обработката на лични податоци преку систем за вршење видео надзор во услови на примена на Законот. Исто така Ви даваме и повеќе теркови во Microsoft word кои може да ги прилагодите, а се поврзани со имплементација на Законот за заштита на личните податоци…

Со кликнување подолу на повеќе може да ги симнете написот во кој се осврнуваме на обврските кои произлегуваат од новиот Закон за заштита на личните податоци („Службен весник на РСМ“ бр.42/20 од 16.02.2020), стапи на сила и се применува од 24.02.2020 година.. Со преодните одредби од Законот за заштита на личните податоци, утврден е рок за усогласување на работењето на контролорите и обработувачите на лични податоци, кој изнесува 18 месеци од стапувањето на сила на ЗЗЛП, односно најдоцна до 24.08.2021 година…

Со кликнување на повеќе може да го преземете двобројот ЈУЛИ/АВГУСТ од 2021 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на стручното списание МСФИ СОВЕТНИК…

Со кликнување на повеќе може да го симнете Написот во кој подетално се осврнуваме на повеќе прашања поврзани со имплементација на предложеното законско решение а особено: Кои долгови и трошоци се репрограмираат, односно која камата се отпишува? Каква е постапката за отпис на камата и репрограмирање на долг? Како се врши репрограмирањето на главниот долг и трошоците? Кој врши надзор на примената на Законот и какви се прекршочни одредби до колку не се почитуваат одредбите на Законот…

Бидејќи крајниот рок 25 јули 2021 година се паѓа во недела (неработен ден) дали може да се поднесуваат ДДВ пријави и во понеделник 26 јули 2021 година како краен рок за поднесување на ДДВ пријавите од страна на месечните ДДВ обврзници за месец јуни, односно за тромесечните ДДВ обврзници за периодот април – јуни 2021 година. Исто така Ве молиме да ни одговорите кој е крајниот рок за плаќање на обврската по оваа ДДВ пријава ?

Во собраниска постапка (на 45-тата седница на Собранието на РСМ) е донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за трговски друштва. За новините предложени со Предлог Законот, повеќе може да прочитате во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

Со ова Законско решение се пропишува намалување на стапката од 18% на 5% за прометот и увозот на електричната енергија за домаќинствата за период од денот на влегување во сила на овој закон до 30 јуни 2022 година. Во периодот од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година на прометот и увозот на електрична енергија за домаќинствата ќе се применува даночна стапка од 10%. Од 1 јули 2023 година прометот и увозот на електричната енергија за домаќинствата повторно би се оданочувал со ДДВ стапка од 18%.

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.