+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




МСФИ е Вести: Процентот за МДБ за аконтацијата за месец февруари 2022 година е позитивен и изнесува 4,7%

Податокот за процентот на МДБ за аконтацијата за данок на добивка за месец февруари 2022 година е позитивен и изнесува  4,7%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец февруари 2022 година која треба да се плати до 15 март 2022 година се утврдува во висина од 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2021 година зголемена за 4,7% (АОП 56 од ДБ за 2021 година).

Во однос на трговците поединци и самостојните вршители на дејност напоменуваме дека аконтацијата на данокот на доход за февруари 2022 година се плаќа на 15 март 2022 година во висина на 1/12 (една дванаестина) од износот на Пресметан данок искажан на реден бр. VII (АОП–31) од Образецот “ДЛД – ДБ” за 2020 година.  За плаќање на аконтацијата на данокот на доход за месец февруари 2022 година ТП и СВД добија налози за плаќање од УЈП по поднесување на ДЛД-ДБ за 2020 година. Дури од мартовската аконтација која ќе треба да се плати на 15 април 2022 година ТП и СВД ќе плаќаат аконтации според новиот поднесен ДЛД-ДБ за 2021 година за што исто така ќе добијат генерирани налози од УЈП.

Подетално за начинот на плаќање на аконтациите на данокот на добивка во 2022 година за правните лица обврзници за данок на добивка како и за трговците поединци и самостојни вршители на дејност може да прочитате во следните написи:

МСФИ е Напис: Плаќање на месечни аконтации на данок на добивка во 2022 година (ПРЕЗЕМИ)

МСФИ Напис: Плаќање на аконтации на данокот на доход од самостојна дејност во 2022 година од страна на трговци поединци и самостојни вршители на дејност (ПРЕЗЕМИ)

  • Објавено на: 07/03/2022
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.