+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за ДДВ и Закон за акцизите

1. ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДДВ

На дневен ред на 67 седница на Собранието на Република Македонија која ќе се одржи на 11. 03.2022 година (денес), е Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за ДДВ, кој треба да биде донесен по скратена постапка.

Со предлог измените и дополнувањата на Законот за ДДВ е предвидено намалување на стапките на данокот на додадена вредност, односно ослободување од данокот на додадена вредност за определени производи.
Исто така се предвидува ослободување од данок на додадена вредност за природен гас и електричната енергија преку системи за пренос, и воедно се предвидува воведување на механизам за префрлање на даночната обврска на примателот на истите. Дополнително за место на прометот (на природен гас и електричната енергија) ќе се смета местото на примателот на доброто.

Посебна новина во Предлог законот се одредбите со кои се пропишува дека, по исклучок на одредбите на чл. 29 и 30 од овој закон, во услови на природни и други непогоди во Република Северна Македонија, на прогласена воена состојба, на утврдено постоење на вонредна или кризна состојба, кога настанале или би можеле да настанат сериозни пореметувања во снабдувањето на населението или пореметувања во други области кои го загрозуваат животот и здравјето на луѓето, сериозни пореметувања на домашниот пазар поради недостаток на стоки неопходно потребни за производство, преработка и за животот и здравјето на луѓето, како и во услови на потреба за обезбедување на производи и суровини, кои се од посебно стратешко значење за Република Сесверна Македонија, се ослободува од данок на додадена вредност, прометот на производи за човечка исхрана.
Владата на Република Северна Македонија на предлог на министерот за финансии поблиску ги определува видот на добрата кои ќе бидат ослободени од ДДВ, како и временскиот период на ослободувањето на плаќање на данокот на додадена вредност на тие добра.

Измените и дополнувањата на законот за ДДВ ќе стапат во сила со денот на објавувањето во „Сл. весник на Република Северна Македонија“.
Ослободувањата од данокот на додадена вредност, односно повластените даночни стапки на одделни добра ќе се применуваат со денот на објавувањето на Одлуката на Владата на РСМ за определување на добра кои полежат на повластена даночна стапка односно добрата кои се ослободени од ДДВ.

Предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност (ПРЕЗЕМИ)

 

2. ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА АКЦИЗИТЕ

На истата седница на Собрането на РСМ на усвојување Предлог закон за дополнување на Законот за акцизите со кои се предлага, по исклучок од постојното законско решение пропишано во чл. 92 од Законот за акцизите, да се пресметува дополнително намалување на акцизата кај безоловниот бензин, гасното масло како погонско гориво и гасното масло како гориво за греење во зависност од движењето, односно од висината на зголемувањето на цената на овие енергенти на светската берза.

Предлог Закон за дополнување на Законот за акцизите (ПРЕЗЕМИ)

  • Објавено на: 11/03/2022
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.