+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Во Службен весник на РСМ, број 269 од 10.11.2020 година објавени се измени и дополнувања на Програмата за развој на туризмот за 2020 година. Со измените на Програмата предвидени се следните поддршки за туристичкиот сектор како мерки за намалување на економските последиците предизвикани од Коронавирусот: враќање на уплатената такса за привремен престој за 2019 година на сите категоризирани угостителски објекти; грантови за лиценцирани туристички агенции и грантови за лиценцирани туристички водичи…

Во Службен весник на РСМ, број 269 од 10.11.2020 година објавена е Програма за поддршка на угостителскиот сектор во РСМ. Со Програмата предвидени се следните поддршки за угостителскиот сектор како мерки на надминување на кризата предизвикана од Коронавирусот: грантови за ресторани и грантови за игротеки…

Темата за раскин на облигационен договор е особено актуелна во сегашниве услови на пандемијата со COVID 19, поради променетите околности и економските потреси кои го погодија работењето на компаниите кои се соочуваат со неможност за исполнување на обврските преземени со договор. Во написот кој може да го преземете со кликнување подолу на преземи, го презентираме раскинот на договор, како еден од начините на престанување на облигационите односи, кој може да биде: со волја на двете договорни страни (спогодбен и едностран раскин) и по сила на закон…

Во Службен весник на РСМ број 267 од 09.11.2020 година објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност. Измените и дополнувањата на Законот за ДДВ се дел од четвртиот сет на мерки за поддршка на стопанството од последиците на економската криза предизвикана од Ковид 19. Законот влегува во сила со денот на објавувањето во ,,Службен весник на РСМ, односно на 09.11.2020 година, но постојат различни дефинирани рокови од кога законските измени влегуваат во примена и до кога истите ќе се применуваат…

Се известуваат даночните обврзници и сметководители дека рокот за поднесување на Барањата за финансиска поддршка образец БФП-ИП/2 и образец БФС-СВД/2 се продолжува до 12 ноември 2020 година.

За остварување на правото на финансиска поддршка работодавачот е должен да поднесе Барање за финансиска поддршка за исплатата на платите на работниците за секој месец поединечно, до Управата за јавни приходи (образец БФП-ИП/2). Барањето се поднесува преку системот е-даноци и се наоѓа во делот Поднесоци/Дополнителни услуги/Придонеси/БФП-ИП/2…

За остварување на правото на финансиска поддршка во износ од 17.410 денари месечно, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, трговците поединци и самостојните вршители на дејност можат да поднесат Барање на образецот БФС-СВД/2 до УЈП. Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-Персонален данок – опција Доход од вршење самостојна дејност до 10-ти во месецот за претходниот месец, а комплетноста на Барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 3 дена од денот на доставувањето на барањето…

Со кликнување на повеќе може да го преземете Ажурираниот напис на МСФИ Консалтинг по конечниот текст на Законот со сите ажирирани измени и дополнувања, а исто така заради полесна илустрација и запознавање Ви даваме и презентација во Micrоsoft Power Point…

Со кликнување на повеќе може да го преземете Ажурираниот напис на МСФИ Консалтинг по конечниот текст на Законот со сите ажурирани измени и дополнувања, а исто така заради полесна илустрација и запознавање Ви даваме и презентација во Micrоsoft Power Point.

Податокот за процентот на МДБ, односно кумулативниот пораст на цените на мало за периодот јануари – октомври 2020 во однос на просекот за 2019 година е позитивен и изнесува 0.3%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец октомври 2020 година…

Со кликнување на повеќе може да го преземете предлог текстот на Законот каде со болдиран текст се новопредложените измени и дополнување…

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, Ве запознаваме со клучните одредби на Предлог Законот во однос на правата и обврските на трговци поединци и самостојни вршители на дејност по однос на користењето на оваа финансиска поддршка. Напоменуваме дека овој напис е пишуван според предложеното законско решение при што постои можност од одредени измени во конечниот текст на Законот за што навремено ќе Ве известиме…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.