+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Известување до УЈП: Продолжување на рокот за поднесување на барањата за финансиска поддршка БФП-ИП/2 и БФС-СВД/2 до 12 ноември 2020

Се известуваат даночните обврзници и сметководители дека рокот за поднесување на Барањата за финансиска поддршка образец БФП-ИП/2 и образец БФС-СВД/2 се продолжува до 12 ноември 2020 година.

Согласно Законот за финансиска поддршка на работодавачи погодени од здравствено –економската криза предизвикана од вирусот Covid-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, и Закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Covid-19, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, барањата се поднесуваат до 10-ти во месецет за претходниот месец.

Поради подоцнежна објава во Службен весник на РСМ на Правилникот за формата и содржината на барањето за финансиска поддршка за исплата на плати на работниците и Правилникот за формата и содржината на барањето за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства на физички лица кои вршат самостојна дејност, кои се основ за достапност и поставување на обрасците БФП-ИП/2 и БФС-СВД/2 на веб платформата на УЈП, како и поради масовно поднесување на истите веднаш по поставувањето што придонесе до преоптоварување на системот, рокот за нивното поднесување се продолжува до 12 ноември 2020 година.

  • Објавено на: 11/11/2020
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.