+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Темата за раскин на облигационен договор е особено актуелна во сегашниве услови на пандемијата со COVID 19, поради променетите околности и економските потреси кои го погодија работењето на компаниите кои се соочуваат со неможност за исполнување на обврските преземени со договор. Во написот кој може да го преземете со кликнување подолу на преземи, го презентираме раскинот на договор, како еден од начините на престанување на облигационите односи, кој може да биде: со волја на двете договорни страни (спогодбен и едностран раскин) и по сила на закон…

Во Службен весник на РСМ број 267 од 09.11.2020 година објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност. Измените и дополнувањата на Законот за ДДВ се дел од четвртиот сет на мерки за поддршка на стопанството од последиците на економската криза предизвикана од Ковид 19. Законот влегува во сила со денот на објавувањето во ,,Службен весник на РСМ, односно на 09.11.2020 година, но постојат различни дефинирани рокови од кога законските измени влегуваат во примена и до кога истите ќе се применуваат…

Се известуваат даночните обврзници и сметководители дека рокот за поднесување на Барањата за финансиска поддршка образец БФП-ИП/2 и образец БФС-СВД/2 се продолжува до 12 ноември 2020 година.

За остварување на правото на финансиска поддршка работодавачот е должен да поднесе Барање за финансиска поддршка за исплатата на платите на работниците за секој месец поединечно, до Управата за јавни приходи (образец БФП-ИП/2). Барањето се поднесува преку системот е-даноци и се наоѓа во делот Поднесоци/Дополнителни услуги/Придонеси/БФП-ИП/2…

За остварување на правото на финансиска поддршка во износ од 17.410 денари месечно, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, трговците поединци и самостојните вршители на дејност можат да поднесат Барање на образецот БФС-СВД/2 до УЈП. Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-Персонален данок – опција Доход од вршење самостојна дејност до 10-ти во месецот за претходниот месец, а комплетноста на Барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 3 дена од денот на доставувањето на барањето…

Со кликнување на повеќе може да го преземете Ажурираниот напис на МСФИ Консалтинг по конечниот текст на Законот со сите ажирирани измени и дополнувања, а исто така заради полесна илустрација и запознавање Ви даваме и презентација во Micrоsoft Power Point…

Со кликнување на повеќе може да го преземете Ажурираниот напис на МСФИ Консалтинг по конечниот текст на Законот со сите ажурирани измени и дополнувања, а исто така заради полесна илустрација и запознавање Ви даваме и презентација во Micrоsoft Power Point.

Податокот за процентот на МДБ, односно кумулативниот пораст на цените на мало за периодот јануари – октомври 2020 во однос на просекот за 2019 година е позитивен и изнесува 0.3%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец октомври 2020 година…

Со кликнување на повеќе може да го преземете предлог текстот на Законот каде со болдиран текст се новопредложените измени и дополнување…

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, Ве запознаваме со клучните одредби на Предлог Законот во однос на правата и обврските на трговци поединци и самостојни вршители на дејност по однос на користењето на оваа финансиска поддршка. Напоменуваме дека овој напис е пишуван според предложеното законско решение при што постои можност од одредени измени во конечниот текст на Законот за што навремено ќе Ве известиме…

Во Собранието на РС Македонија доставен е Предлог Закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравственоекономската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година кој ќе се носи по скратена постапка. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, низ повеќе примери Ве запознаваме со клучните одредби на Предлог Законот во однос на правата и обврските на работодавачите по однос на користењето на оваа финансиска поддршка…

Податоци за плата и надоместоци од работен однос за периодот Октомври 2020 – Ноември 2020 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 22.10.2020 година…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.