+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Во Службен весник на РСМ број 299 од 17 декември 2020 година објавено е личното ослободување за 2021 година. Согласно објавата на Министерот за финансии даночното намалување утврдено во член 10 став (2) од Законот за данокот на личен доход, за 2021 година на годишно ниво, изнесува 101.256,00 денари. Даночното намалување по основ на доход од работа од плата. надоместоци на плата и пензија, месечно се утврдува во износ од 8.438,00 денари, согласно со член 17 став (2) од Законот за данокот на личен доход…

Иако македонските компаниите се силно погодени од економската криза предизвикана од Корона вирусот, сепак со приближувањето на новогодишните празници прашањата за давањето на новогодишен надоместок и новогодишни пакетчиња за вработените и давањето на пригодни новогодишни подароци на деловните партнери на Друштвото остануваат актуелни. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на законската регулатива која го уредува наведеното прашање како и сметководствениот и даночниот третман на наведените трошоци кои настануваат на крајот на 2020 година…

На 22 Седница на Собранието на РСМ одржана на 05.12.2020 година донесен е Законот за дополнување на Законот за даночна постапка. Законот е објавен во Службен весник на РСМ број 290 и се применува од 7 Декември 2020 година. Со дополнувањата на Законот за даночна постапка, пропишани се “Посебни одредби за камата“ (нов член 123- а) со кој се намалува казнената камата за помалку или повеќе платени јавни давачки од 0,03% на 0,015% во период од стапување во сила на овој Закон, односно од 07.12.2020 година до 31.03.2021 година. Повеќе во врска со наведеното низ пример може да прочитате во Написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе…

Почитувани,Содржината можат да ја видат само претплатници на МСФИ Консалтинг.Доколку сте наш активен претплатник Најавете се за да ја видите оваа содржина.(Доколку не сте претплатник кликнете тука за да се регистрирате и да добиете информации за претлата)

Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници кои остваруваат доход од вршење на самостојна дејност, дека на системот ,,е- Персонален данок,, е поставено Барањето за ослободување од плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход…..

Управата за јавни приходи известува дека на Е-ДАНОЦИ е поставен образецот ДД-ОМА/1. Согласно измените во Законот за данок на добивка објавен во Службен Весник на РСМ, бр. 290 од 07.12.2020 година обврзниците на данокот на добивка кои имаат претрпено штети во своето работење поради ширење на корона-вирусот COVID-19, имаат право на ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка за месеците ноември и декември 2020 година, како и за јануари и февруари 2021 година.

Во рамките на четвртиот сет на мерки за поддршка на стопанството од последиците на економската криза предизвикана од Ковид 19, една од позначајните мерки е и поддршката која се дава преку фискалните политики, односно преку олеснување на даночниот товар на македонските компаниите за 2020 година. Во таа насока се и измените на Законот за данок на добивка кои се објавени во Службен весник на РСМ број 290 и се во сила од 7 Декември 2020 година.. Во написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе, Ве запознаваме со клучните одредби на Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка…

На 22-тата Седница на Собранието на РСМ одржана на 05.12.2020 година донесени се Законот за изменување и дополнување на Законот за данок на добивка и Законот за изменување и дополнување на Законот за данок на личен доход. Законите се објавени во Службен весник на РСМ број 290 и истите влегува во сила од 7 Декември 2020 година. Покрај останатите измени, во Законите се пропишува и право на ослободување од плаќање на аконтации на данок на добивка и аконтации на данок на личен доход за месеците ноември и декември 2020 година, како и за јануари и февруари 2021 година…

На 22-тата седница на Собранието на РСМ одржана на 05.12.2020 година во скратена постапка донесен е Законот за изменување и дополнување на Законот за данок на личен доход. Измените на Законот за данок на личен доход се дел од четвртиот сет на мерки за поддршка на стопанството од последиците на економската криза предизвикана од Ковид 19. Законот е објавен во Службен весник на РСМ број 290 и влегува во сила со денот на објавувањето, односно на 7.12.2020 година. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, низ повеќе примери, Ве запознаваме со клучните одредби на Законот за изменување и дополнување на Законот за данок на личен доход.

Податокот за процентот на МДБ, односно кумулативниот пораст на цените на мало за периодот јануари – ноември 2020 во однос на просекот за 2019 година е позитивен и изнесува 0.3%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец ноември 2020 година…

Дали работодавачот му исплаќа на работникот додаток за минат труд е секогаш актуелно прашање во постапката на контрола од страна на трудовиот инспекторат. Во Написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе се осврнуваме на законските основи и Ви даваме практичен пример на пресметка на плата со кој ја илустрираме законската обврска на работодавачот за пресметка на додатокот за минат труд како задолжителен елемент на платата на работникот…

Почитувани,Содржината можат да ја видат само претплатници на МСФИ Консалтинг.Доколку сте наш активен претплатник Најавете се за да ја видите оваа содржина.(Доколку не сте претплатник кликнете тука за да се регистрирате и да добиете информации за претлата)

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.