+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Известувањето се однесува за субјектите кои имаат обврска за доставување на годишни сметки и финансиски извештаи за 2020 година до Регистарот за годишни сметки при Централниот регистар на Република Северна Македонија, во согласност со Законот за трговските друштва („Сл. Весник на РМ“ бр. 28/04…290/20), во согласност со Законот за сметководство на буџетите и буџетските корисници („Сл. Весник на РМ“ бр.61/02…170/17), Законот за сметководство на непрофитните организации (,,Сл. Весник на РМ“ бр.24/03…154/15), како и за субјектите кои во согласност со Законот за данок на личен доход (Сл.весник на РМ бр. 241/18…290/20) остваруваат приходи од вршење на самостојна дејност, субјекти од финансискиот сектор согласно Законот за банки („Сл. Весник на РМ“ бр. 67/07…101/19) и Закон за супервизија на осигурувањето („Сл. Весник на РМ“ бр. 27/02…31/20)…

Податокот за процентот на МДБ, односно кумулативниот пораст на цените на мало за периодот јануари – декември 2020 во однос на просекот за 2019 година е позитивен и изнесува 0.4%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец декември 2020 година…

Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на законските обврски на субјектите за задолжителна регистрација за целите на ДДВ и можноста која ја дава Законот за ДДВ за доброволна регистрација. Укажуваме и на можноста за одбивка на влезниот ДДВ во залихите набавени пред регистрација, а со цел да не дојде до двојно оданочување на залихите (еднаш кога при набавката не било одбиено влезното ДДВ и втор пат кога истите ќе се продаваат од страна на сега ново регистрираниот ДДВ обврзник. Исто така се осврнуваме и на можноста за дерегистрација од системот на ДДВ, што како можност е пропишана во член 51 став 8 и 14 од Законот за ДДВ…

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на ДДВ третманот на испораката на храна и пијалаци кои во форма на организирана исхрана компаниите ја обезбедуваат за своите вработени со посебен акцент на измените на Законот за ДДВ и воведувањето на нова повластена ДДВ стапка од 10%…

Во Службен весник на РСМ број 316 од 30.12.2020 година објавена е Нова Одлука за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност. Новата Одлука ќе се применува од 1 јануари 2021 година. Со одлуката поблиску се определуваат добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност од Законот за данокот на додадена вредност. Со клинување подолу на преземи може да ја симнете нова Одлука…

Од страна на НБРМ со Одлука број Бр. 02-31368/1 од 24 Декември 2020 година објавена е референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата, за периодот од 01.01.2021 година до 30.06.2021 година. Согласно претходно наведената Одлука на НБРМ референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата, за периодот од 1 Јануари 2021 година до 30 Јуни 2021 година изнесува 1,50%…

Согласно измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на РСМ“ бр. 267/20), објавени се следните Правилници: Правилник за формата и содржината на даночната пријава на данокот на додадена вредност (објавен во Сл.весник на РСМ бр.315/20 од 30.12.2020 година) и Правилник за формата и содржината на извештајот за извршените промети на добра и услуги за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен прометот, како и за формата и содржината на извештајот за примени промети на добра и услуги за кои даночен должник е даночниот обврзник примател на прометот (објавен во Сл.весник на РСМ бр.315/20 од 30.12.2020 година)…

Во службен весник на РСМ број 315 од 30 декември 2020 година објавени се повеќе подзаконски прописи од областа на даноците и прописи поврзани со враќање на средствата од добиената финансиската поддршка за исплата на платите…

Обврската за враќање на средствата од добиената финансиска поддршка согласно Уредбата (за платите за април, мај и јуни 2020) како и финансиската поддршка согласно Законот (за платите за октомври, ноември и декември 2020) е дефинирана од повеќе правила. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, подетално низ примери се осврнуваме на пресметка на обврската за враќање на финансиската поддршка која ја добија компаниите за исплата на плати согласно Уредбата и Законот, можноста за претворање на поддршката во грант и нејзино сметководствено евидентирање во 2020 година…

Во “Службен весник на РМ”, бр. 307/2020 година објавен е Законот за извршување на буџетот на Р.С. Македонија за 2021 година, кој ќе се применува од 1 Јануари 2021 година. Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, подетално се осврнуваме на сите поединечни права на надоместок на трошоците утврдени во Законот за извршување на буџетот за 2021 година…

Во Службен весник на РСМ број 303/21 објавено е даночното намалување (личното ослободување) кое за 2022 година на годишно ниво, изнесува 105.456,00 денари. Даночното намалување на месечно ниво при пресметка на платите во 2022 година изнесува 8.788,00 денари. Со кликнување на повеќе може да го преземете написот во кој подетално низ примери се осврнуваме на новото лично ослободување кое работодавачите ќе го применуваат при пресметка на платите во 2022 година…

Со кликнување на повеќе може да го преземете ДЕКЕМВРИСКИОТ број од 2020 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.