+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Причините заради кои содружниците кај ДОО најчесто носат одлука за откуп на сопствен удел од страна на друштвото е кога сакаат да ги заштитат нивните интереси како на пример кога некој содружник на друштвото сака да го пренесе својот удел, а во тоа време условите на пазарот не дозволуваат да се постигне некаква реална цена или на пример, кога еден содружник истапува, а другите содружници сакаат да го задржат затворениот карактер на друштвото, односно не сакаат да влезе нов содружник. За стекнување на сопствени удели друштвото е потребно да формира посебни резерви од остварената добивка во тековната година или од други резерви, односно од акумулирана добивка. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на нормативниот, сметководствениот и даночниот третман на стекнување на сопствени удели во друштво со ограничена одговорност…

Во написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе се осврнуваме на случаите кога се склучуваат договори за вработување, како и на случаите кога работникот може да биде ангажиран со склучување на посебни договори и на нивниот сметководствен и даночен третман…

Сметководствениот третман на земјиштето и градежните објекти како форми на долгорочни материјални средства кои се трошат при вршењето на основната дејност на друштвото го уредува МСС 16-Недвижности, постројки и опрема и Оддел 17 од МСФИ за МСЕ. Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи се осврнуваме на сметководствениот и даночиот третман на вложувањата во уредување на просторот околу компаниите, изградба на пристапен пат, паркинг простор, патеки и хортикултурно уредување.

Во Собранието на РСМ започната е постапка на донесување на Законот за изменување и дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица. Со кликнување подолу на преземи можете да го преземете Написот со известувањето и пречистениот текст на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица со овие Предлог измени…

Податокот за процентот на МДБ, односно кумулативниот пораст на цените на мало за периодот јануари – септември 2020 во однос на просекот за 2019 година е позитивен и изнесува 0.3%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец септември 2020 година…

Постои заблуда дека со работникот кој е ангажиран на пробна работа не треба да се склучи договор за вработување, туку тоа треба да се направи по истекот на пробната работа, до колку тој на пробната работа покаже задоволителни резултати. Напоменуваме дека работодавачот и работникот прво склучуваат договор за вработување во кој договараат пробна работа, но тој договор за вработување се смета дека е склучен под услов работникот да задоволи на пробната работа, во спротивно по истекот на пробната работа договорот за вработување може да биде откажан. Повеќе во врска со правата и обврските кои ги создава договорот за пробна работа за работникот и работодавачот може да прочитате во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе. Воедно Ви даваме и модел на Договор за пробна работа во Microsoft word формат кој може да го прилагодите на вашите потреби…

МСФИ Напис Договор за вработ

ЗРО децидно не наведува (освен за замена на отсутен работник), во кои случаи може да се склучи договор за вработување на определено време. Но, од дефиницијата на “Работник на определено работно време”, можат да се извлечат неколку ситуации. Имено, “Работник на определено работно време”, согласно член 5 од ЗРО, значи лице со договор за вработување склучен непосредно помеѓу работодавачот и работникот, каде што истекот на договорот за вработување е определен од објективни услови и тоа доаѓањето на одреден датум, завршување на одредена задача или појавата на одреден настан. Повеќе во врска со вработување на определено време може да прочитате во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

На 6-тата седница на Владата, усвоен е четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19. Во продолжение. Со кликнување на повеќе Ви даваме краток осврт на предложените мерки кои треба во следниот период да бидат преточени во соодветни законски прописи…

Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 29 мај 2020 година, донесе Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за примена на Законот за трговски друштва за време на вонредната состојба, објавена во Сл.весник бр.140/20 од 29.05.2020 година. Согласно Уредбата, рокот за доставување на одобрените финансиски извештаи со годишниот извештај за работа, ревидираната годишна сметка, односно ревидираните финансиски извештаи за 2019 година, за големите и средни трговци организирани како акционерски друштва и за големите и средни трговци организирани како друштва со ограничена одговорност, до Регистарот на годишни сметки при Централниот регистар на Република Северна Македонија е продолжен до 05.10.2020 година.

Со кликнување на повеќе може да го преземете СЕПТЕМВРИСКИОТ број од 2020 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Податоци за плата и надоместоци од работен однос за периодот Септември 2020 – Октомври 2020 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 21.09.2020 година…

Согласно член 12-а од Законот за данокот на добивка (“Службен весник на РСМ“, број 112/14…275/19), одделни обврзници на данок на добивка по ДБ за 2019 година се должни за деловните или финансиските трансакции со поврзаните лица кои настанале во 2019 година да достават извештај до Управата за јавни приходи, најдоцна до 30 Септември 2020 година. Имајќи во предвид дека во е-tax системот на УЈП се уште не постои соодветно техничко решение за електронски прием на ваквите електронски фајлови, даночните обврзници по ДБ за 2019 година, Извештајот за трансферни цени ќе треба да го достават во хартиена форма со пропратно писмо. На прашањата кои се даночните обврзници кои имаат обврска да достават Извештај за трансферни цени до 30 Септември и што преставуваат трансферните цени и каква треба да биде содржината на Извештајот за трансферните цени даваме одговори во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.