+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Со кликнување на повеќе може да го симнете двобројот ЈУЛИ / АВГУСТ од 2017 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на спис­анието МСФИ СОВЕТНИК…

На 8 Август 2017 година во Скопје на Телеком арената (Национална арена „Филип II Македонски“) ќе биде одржано 42-то издание од УЕФА Супер Купот. Фудбалскиот натпревар во Скопје ќе биде помеѓу победникот за сезоната 2016/2017 во Лигата на шампионите (Реал Мадрид) и победникот во Лига Европа, (Манчестер Јунајтед). Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе подетално се осврнуваме на фискалните и царинските поволности во врска со одржување на настанот…

Во продолжение може да ги симнете податоците за плата и надоместоци од работен однос за 2017 година заклучно со периодот Јули 2017 – Август 2017 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 21.07.2017 година..

По престанокот за важноста на договорот за вработување, за работодавачот настапуваат обврски кон работникот кои произлегуваат од работниот однос, од кои голем дел се од материјална природа (исплата на плата и разни надоместоци). Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на обврските на работодавачот во случај на престанок на важноста на договорот за вработување на работникот…

Inline image 1

На веб страната на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) објавена е тарифата за висина на месечната членарина за субјектите вршители на сметководствени работи (ТП сметководител, ТП овластен сметководител и Друштво за вршење сметководствени работи)…

Во написот кој може да го симнете со колкнување на преземи се осврнуваме на сметководствениот и на даночниот третман на наведените издатоци за уредување на просторот околу друштвата.

Во Службен весник на РМ број 86 од 10.7.2017 година објавена е нова Одлука за утврдување распоред на работното време во Владата на Република Македонија, министерствата и другите органи на државната управа…

Податокот за процентот на МДБ, односно кумулативниот пораст на цените на мало за периодот Јануари – Јуни 2017 во однос на просекот за 2016 година е позитувен и изнесува 2,0%. Врз основа на наведеното месечната аконтација за месец Јуни 2017 година која треба да се плати до 15 Јули 2017 година се утврдува во висина од 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2016 година зголемена за 2,0% (АОП 41 од ДБ за 2016 година).

На веб страната на Институтот на сметководители и овластени сметководители (www.isos.mk) објавен е официјалниот Регистар на субјекти кои согласно Законот за вршење сметководствени работи ги исполниле условите за стекнување со лиценца за работа.

Ги потсетуваме даночните обврзници дека ДДВ-пријавите ќе можат да се поднесуваат и на 27 јуни 2017 година (вторник), бидејќи последниот рок 25-ти Јуни паѓа во недела (неработен ден и државен празник) и понеделник се смета за неработен ден.

Субјектите кои вршат промет на добра и услуги за кои плаќањето се врши во готово, задолжително да издаваат фискални сметки на потрошувачите, на начин пропишан со Законот за регистрирање на готовинскиот промет. Според првичните анализи на податоците од он-лајн системот за следење на готовинскиот промет, констатирано е дека голем број на фирми, особено во угостителството,…

Со кликнување на повеќе може да го симнете ЈУНСКИОТ број од 2017 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на спис­ани­е­то МСФИ СОВЕТНИК…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.