+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Објавен официјалниот регистар на субјекти за вршење сметководствени работи

На веб страната на Институтот на сметководители и овластени сметководители (www.isos.mk) објавен е официјалниот Регистар на субјекти кои согласно Законот за вршење сметководствени работи ги исполниле условите за стекнување со лиценца за работа.

Покрај регистарот објавено е и овластување кое е неопходно при подигање на лиценцата. Во врска со оваа активност Институтот на сметководители и овластени сметководители организира настан за свечено доделување на лиценците за работа, за кој дополнително ќе следи информација.

Оние субјекти кои би сакале да ги подигнат своите лиценци за работа пред и по одржување на настанот можат истото да го сторат од утре 06.07.2017 во просториите на Институтот кој се наоѓа на ул. Ѓуро Стругар бр. 5 Скопје. За подетални информации обратете се до стручната служба на Институтот.

Регистар на субјекти за вршење сметководствени работи

Регистар на трговци поединци – овластени сметководители

Овластување

  • Објавено на: 06/07/2017
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.