+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Почнувајќи од месец февруари 2019 година аконтацијата на данок на добивка која треба да се плати до 15 март 2019 година започнува да се плаќа на пресметаната нова даночна обврска утврдена по Даночниот биланс за 2018 година. Обврската за плаќање на аконтација на данок на добивка се однесува на правните лица обврзници на данок на добивка кои имаат поднесено Даночен биланс (Образец ДБ) за 2018 година. Со кликнување на повеќе може да го преземете Написот во кој се осврнуваме на начинот на пресметување и плаќање на месечни аконтации на данокот на добивка за 2019 година…

Практиканството досега не беше уредено со посебен закон поради што младите лица се соочуваа со проблем во однос на стекнувањето на практични искуства со цел полесно да се вклучат на пазарот на трудот. Со Предлог Законот за практиканство (кој е во собраниска постапка), се овозможува стекнување практично искуство на невработените лица, зголемување на нивните вештини и полесно вклучување на пазарот на трудот и создавање можности и услови на работодавачот за вработување на лица со практично искуство кои имаат одредени вештини и знаења за одредени работи и работни задачи…

Во службен весник на РМ бр. 27/2019 година е објавена спогодбата за утврдување на најниската плата за најнизок степен на сложеност и за начинот на пресметување и исплата на платите во здравствената дејност.

Податоци за плата и надоместоци од работен однос за периодот Февруари 2019 – Март 2019 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 20.02.2019 година…

Со кликнување на повеќе може да го преземете ФЕВРУАРСКИОТ број од 2019 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Од страна на Министерството за финансии изготвен е Нов Предлог Закон за вршење на сметководствени работи кој по усвојување од страна на Владата на РМ, истиот е доставен до Собранието на РМ на негово конечно усвојување. Ова предлог Законско решение на 18-ти февруари 2019-та година ќе биде предмет на прво читање во Собранието на РМ. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на клучните новини кои ги носи предложеното законско решение во сметководствената професија…

Обврската за изготвување на консолидирана годишна сметка и консолидирани финансиски извештаи за 2018 година произлегува од Законот за трговски друштва, како и согласно Меѓународните стандарди за финансиско известување. Од аспект на финансиско известување, консолидацијата претставува постапка на изготвување на консолидирана годишна сметка и консолидирани финансиски извештаи на матичното друштво и една или повеќе негови подружници, како да претставуваат еден субјект…

Податокот за процентот на МДБ, односно кумулативниот пораст на цените на мало за периодот Јануари – Декември 2018 во однос на просекот за 2017 година е позитивен и изнесува 2.6%…

Сите средни и големи компании во РМ покрај годишна сметка за 2018 година имаат обврска до Централниот регистар да достават и неревидирани финансиски извештаи. Комплетот на финансиски извештаи согласно МСС 1-Презентирање на финансиските извештаи го сочинуваат: Извештај за финансиската состојба, Извештај за сеопфатна добивка, Извештај за промените на главнината, Извештај за паричните текови и Сметководствени политики и објаснувачки белешки подготвени во согласност со МСС, односно МСФИ. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе подетално се осврнуваме на начинот на изготвување на Извештајот за парични текови за 2018 година.

Почитувани,Содржината можат да ја видат само претплатници на МСФИ Консалтинг.Доколку сте наш активен претплатник Најавете се за да ја видите оваа содржина.(Доколку не сте претплатник кликнете тука за да се регистрирате и да добиете информации за претлата)

Почитувани,Содржината можат да ја видат само претплатници на МСФИ Консалтинг.Доколку сте наш активен претплатник Најавете се за да ја видите оваа содржина.(Доколку не сте претплатник кликнете тука за да се регистрирате и да добиете информации за претлата)

Почитувани колеги, МСФИ КОНСАЛТИНГ Ве поканува на ЕДНОДНЕВНО КОНТИНУИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ бр.1/2019-8 часа ВО МЕСЕЦ ЈАНУАРИ/ФЕВРУАРИ 2019 ГОДИНА во следните термини и градови:
30 Јануари 2019 (среда) во Штип ‐ Хотел Оаза
31 Јануари 2019 (четврток) во Скопје ‐ Хотел Холидеј Ин
5 Февруари 2019 (вторник) во Битола ‐ Хотел Милениум
6 Февруари 2019 (среда) во Охрид ‐ Хотел UNIQUE Resort & Spa
7 Февруари 2019 (четврток) во Струмица ‐ Хотел Сириус
8 Февруари 2019 (петок) во Скопје ‐ Хотел Холидеј Ин
12 Февруари 2019 (вторник) во Прилеп ‐ Хотел Кристал Палас
13 Февруари 2019 (среда) во Тетово ‐ Ресторан Принц
16 Февруари 2019 (сабота) во Скопје ‐ Хотел Континентал

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.