+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Во Службен весник на РСМ, број 50 од 05.03.2019 година објавена е Одлука за изменување и дополнување на одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство, која влезе во сила на 13.03.2019 година. Поаѓајќи од актуелноста на прашањата врзани за условите под кои домашните правни и физички лица можат да отвораат и да имаат сметки во странски банки, особено новините кои ги пропишуваат овие нови измени на Одлуката, во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на можностите и условите под кои резидентите на Македонија можат да отвораат и имаат сметки во странски банки, по 13.03.2019 година…

Купување и продажба на трговска стокa во транзит преставува деловен настан, за кој често се поставува прашањето како таквиот деловен потфат да се евидентира во сметководството. Станува збор за набавка на трговска стока која не се складира, туку директно се испорачува на купувачот. Во одредени случаи ваквиот деловен потфат во целост се обавува во странство. По однос на тоа какви документи треба да се изготват, односно какви се даночните обврски на субјектот кој врши продажба на трговска стока во транзит може да прочитате написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

Во своето секојдневно работење, даночните обврзници регистрирани за цели на ДДВ често пати се наоѓаат во ситуација да вршат промет и на употребувани / половни добра, а во тие рамки и на промет со патнички автомобили, различни движни добра, уметнички дела и антиквитети. во овој Напис, се осврнуваме на сметководствениот и даночниот третман од аспект на ДДВ и данокот на личен доход при извршување на прометот со овие добра во 2019 година…

Податоци за плата и надоместоци од работен однос за периодот Април 2019 – Мај 2019 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 19.04.2019 година…

Во билансите на повеќето трговски друштва, особено на оние кои се занимаваат со производство, туристичка, трговска дејност и слично, недвижностите, односно градежните објекти и земјиштата преставуваат значајна билансна ставка. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на сметководствениот и данониот третман на вложувањата во уредување на просторот околу компаниите, изградба на пристапен пат, паркинг простор, патеки и хортикултурно уредување…

Со Законот за измени и дополнувања на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, се допрецизираат одредени законски одредби и се поедноставува постапката за доделување и исплата на финансиска поддршка, како и се проширува опфатот на субјектите кои можат да користат финансиска поддршка. Исто така, олеснети се предусловите и критериумите за доделување на финансиска поддршка на инвестициите. Напоменуваме дека Законот за финансиска поддршка на инвестиции веќе е донесен од страна на Собранието на 27 март 2019 година, но се чека на негово објавување во „Службен весник на РСМ“. Повеќе може да прочитате во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе….

Управата за јавни приходи ги известува ДДВ обврзниците дека во текот на месец Април покрај поднесувањето на аконтативните пријави за ДДВ за месечни и тримесечни ДДВ обврзници се одвиваат активности за поставување на предпополнета Годишната даночна пријава за персонален данок на доход за 2018 година на корисничките профили на даночните обврзници (физички лица). Од овие причини можно е отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци. За таа цел од Управата за јавни приходи апелира до сите месечни и тримесечни ДДВ обврзници да ја поднесат Пријавата за данокот на додадена вредност пред крајниот рок за поднесување 25.04.2019 година

Со кликнување на повеќе може да го преземете АПРИЛСКИОТ број од 2019 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на новите законски одредби кои ја регулираат висината на надоместокот за користење на сопствено возило како и на даночниот и сметководствениот третман на исплатениот надоместок во 2019 година…

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на сметководствениот и на даночниот третман на трошоците за организирана исхрана во 2019 година од аспект на данокот на добивка, данокот на личен доход и данокот на додадена вредност…

Со кликнување на повеќе може да го преземете Упатството за добивање на лиценца за продажба на алкохолни пијалоци и за продолжување на лиценца…

Податокот за процентот на МДБ, односно кумулативниот пораст на цените на мало за периодот јануари – март 2019 во однос на просекот за 2018 година е негативен и изнесува -0.6%…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.