Во службен весник на РСМ број 244 од 20 ноември 2023 година објавена е измена на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки. Со измената продолжена е мерката за ограничување на маржата во трговијата на големо и трговијата на мало со свежо овошје и свеж зеленчук до 31 декември 2023 година. Измената влегува во сила од 21 ноември 2023 година.
Потсетувам дека со Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки највисоката трговска (профитна) маржа за свежо овошје и свеж зеленчук за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо се утврдува во вкупен износ до 10%, а во трговијата на мало се утврдува во вкупен износ до 15%.
- Пречистен текст на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки (ПРЕЗЕМИ)
- Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки – Службен весник на РСМ број 203/23 (ПРЕЗЕМИ)
- Одлука за изменување на одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки – Службен весник на РСМ број 244/23 (ПРЕЗЕМИ)