+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Во написот кој може да симнете со кликнување подолу на преземи Ве потсетуваме за едно позитивно законско решение за субвенционирање на социјалните придонеси за зголемени плати кое за жал ќе престане да се применува со исплата на платата за месец Октомври 2022 година…

Во Службен весник на РСМ број 197 од 9.9.2022 година објавена е Одлука за посебни услови за трговијата на одделна стока која влезе во сила на 9.9.2022 година. Со оваа одлука се определува највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата на пазарот со електрична енергија. Највисоката трговска маржа на електричната енергија за сите трговски друштва и трговци поединци кои вршат трговија на пазарот со електрична енергија на големо и на мало се утврдува во висина најмногу до 10%….

Податокот за процентот на МДБ за аконтацијата за данок на добивка за месец август 2022 година е позитивен и изнесува 10,2%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец август 2022 година која треба да се плати до 15 септември 2022 година се утврдува во висина од 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2021 година зголемена за 10,2% (АОП 56 од ДБ за 2021 година).

Согласно член 12-а од Законот за данокот на добивка, одделни обврзници на данок на добивка по ДБ за 2021 година се должни за деловните или финансиските трансакции со поврзаните лица кои настанале во 2021 година да достават Извештај до Управата за јавни приходи. Извештајот за трансферни цени треба да се достави најдоцна до 30 Септември 2022 година. На прашањата кои даночните обврзници имаат обврска да достават Извештај за трансферни цени до 30 Септември 2022 година, што преставуваат трансферните цени и каква треба да биде содржината на Извештајот за трансферните цени даваме одговори во Написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи.

Согласно одредбите на член 23 став 1 точка 19 од Законот за ДДВ, меѓународниот превоз на патници е ослободен од ДДВ без право на одбивка на претходниот данок. Во однос на меѓународниот превоз на патници, се наметнува и прашањето за: даночниот третман на посредничките услуги во меѓународниот превоз на патници од аспект на ДДВ.
Во врска со ова прашање, односно во однос на даночниот третман на остварената провизија од продажба на автобуски (железнички) карти за меѓународен превоз на патници се осврнуваме во Написот кој може да ги симнете со кликнување на повеќе…

Во услови на секојдневна и брза комуникација помеѓу вработените во едно друштво употребата на мобилни телефони преставува незаменлив и интегрален дел од комуникациските средства на една компанија. Од тие причини најголем дел на друштвата во Република С. Македонија вршат набавки на мобилни телефони за деловни потреби на друштвото и истите ги даваат на користење на вработените во друштвото. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на повеќе прашања поврзани со сметководствениот и даночниот третман на мобилните телефони како средства и нивното користење од вработените во друштвата…

Согласно одредбите на член 9-а од Законот за ДДВ, како еден даночен обврзник за цели на ДДВ можат да бидат повеќе лица регистрирани за данок на додадена вредност, кои така (доброволно) ќе одлучат заради нивната сопственичка, организациска или управувачка поврзаност. Исто така согласно одредбите на член 9-а став 2 од Законот за ДДВ, УЈП, во услови на постоење на сопственичка, организациска или управувачка поврзаност меѓу одделни даночни обврзници, може службенo да наложи истите да се регистрираат како еден ДДВ обврзник, доколку кај овие лица утврди нарушување на даночните принципи или можност за нивно нарушување. Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на нормативниот, даночниот и сметководствениот третман на поврзните лица за целите на ДДВ.

Податоци за плата и надоместоци од работен однос за периодот Август 2022 – Септември 2022 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 19.08.2022 година…

Известување на ЦРМ за упис на лиценцата за работа на ТП и друштвата за вршење на сметководствени работи…

Во написот кој може да го симнете со кликнување на преземи, подетално низ практични примери се осврнуваме на даночниот третман од аспект на ДДВ на работењето на тур-операторите при обезбедување на туристички услуги…

Во Службен весник на РСМ број 179 од 11 август 2022 објавена е Одлука на Владата на РСМ за посебните услови за трговијата на одделни стоки со која се определува највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата за следните стоки: огревно дрво од даб, огревно дрво од бука и пелети за огрев. Највисоката трговска маржа за претходно наведените стоки за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на мало се утврдува во висина најмногу до 10%…

Разликата меѓу платениот одмор и неплатеното отсуство е во тоа што платениот одмор претставува право на работникот, а неплатеното отсуство е можност околу која работодавачот и работникот треба да се договорат, односно работникот има право да бара, а работодавачот може, но нема обврска на работникот да му одобри неплатено отсуство. Значи, работодавачот е должен на работникот да му даде платен одмор, доколку настапи некоја лична или семејна причина, односно да го ослободи од работа со надомест на плата, додека неплатеното отсуство работодавачот може, но не мора да му го овозможи на работникот отсуството, особено ако процесот на работа тоа не го овозможува.
Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на правото на работникот на платен одмор и неплатено отсуство од работа…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.