+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Во Службен весник на РСМ, бр. 87/25 објавен е Законот за даночно ослободување со цел реализирање на Одлуката за склучување на анекс на договорот за концесија за промена на намената на дел од средствата. Со законот се уредуваат условите, начинот и постапката за остварување на даночното ослободување од ДДВ за прометот на добра и услуги за реализација на проектите согласно со Одлуката за склучување на анекс на договорот за концесија за промена на намената на дел од средствата („Службен весник на РСМ“ број 17/25). Повеќе во врска со даночниот третман на прометот на добра и услуги за реализација на проектите наведени во Одлуката може да го прочитате во написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе…

Податокот за процентот на МДБ за аконтацијата за данок на добивка за месец април 2025 е позитивен и изнесува 1,4%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец април 2025 година која треба да се плати до 15 мај 2025 година…

Во собраниска постапка на донесување е Предлог Закон за работно ангажирање на лица за вршење повремени и сезонски работи во одредени дејности. Со предложениот закон се овозможува поедноставена постапка при ангажирање на лица за вршење сезонски или повремени работи со обезбедување одделни права од социјално осигурување на ангажираните лица (пензиско и инвалидско осигурување и дополнително здравствено осигурување во случај на повреда и несреќа на работа)…

Почитувани колеги,
МСФИ КОНСАЛТИНГ организира еднодневни онлајн КПУ обуки број 2/2025-8 часа во МАЈ / ЈУНИ 2025 година во следните термини:

– 23 Мај 2025 (петок)
– 30 Мај 2025 (петок)
– 04 Јуни 2025 (среда)

Во „Службен весник на РСМ“, бр. 84/25 објавена е Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите кои што не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство, која влегува во сила на 2.05.2025 година. Предметните измени се однесуваат на субјектите – резидентите кои што вршат услуги во меѓународниот транспорт на стоки и патници, односно со Одлуката им се пропишува можност за отворање на сметка во странство за наплата на своите побарувања остварени врз основа на извршени услуги во меѓународниот транспорт…

Одделни субјекти кои не се даночни обврзници на Република Македонија, а платиле македонско ДДВ имаат право да го вратат вака платеното ДДВ во посебна постапка. Правото на враќање се однесува на: нерезидентите, односно даночните обврзници без седиште, подружница, постојано живеалиште или престојувалиште во РСМ, непрофитните организации и странските дипломатски или конзуларни претставништва како и меѓународните организации. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе подетално се осврнуваме на постапката на враќање на ДДВ на овие посебни субјекти кои платиле македонско ДДВ. Воедно Ви ја даваме за преземање и релевантната законска регулатива…

Во Службен весник 84 од 24 април 2025 година објавена е Одлука за изменување на Одлуката за донесување на националната класификација на дејностите – НКД РЕВ.2.1. Со измената се интервенира во класата 69.10 ,,Правни дејности“ …

Со кликнување на повеќе може да го преземете АПРИЛСКИОТ број од 2025 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Во продолжение може да ги симнете податоците за плата и надоместоци од работен однос за 2025 година заклучно со периодот април 2025 – мај 2025 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 22.04.2025 година…

Годишен извештај за работењето на друштвото за претходната 2024 година, е еден од актите кои трговското друштво има обврска да го подготви согласно Законот за трговските друштва („Службен весник на РСМ“ бр.28/04…272/24). Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи Ве потсетуваме на одредбите од ЗТД кои се однесуваат на изготвување на Извештај за работењето на друштвото за претходната 2024 година и негово усвојување од страна на органите на друштвото. Воедно Ви даваме и пречистен текст на Законот за трговските друштва…

апарот и пишманлакот се правни институти кои кај нас се предвидени со одредбите од член 71 до 75 од Законот за облигационите односи („Службен весник на РСМ“ бр. 18/01…209/24). Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи се осврнуваме на капарот и пишманлакот и нивниот нормативен, даночен и сметководствен третман. Воедно Ви даваме и пречистен текст на Законот за облигационите односи…

Даночните обврзници кои користеле реинвестирана добивка не смеат да ги отуѓат средствата во период од 5 години од денот кога е извршено инвестициското вложување. До колку е користено реинвестирана добивка за средства стекнати преку финансиски лизинг не смеат да го раскинат договорот за лизинг. Исто така се должни да поседуваат соодветна документација со која можат да докажат дека вложиле во материјални и нематеријални средства за проширување на дејноста. Доколку даночните обврзници не ги испочитуваат претходно наведените барања го должат данокот на добивка кој би го платиле кога не би користеле ослободување за реинвестирана добивка. Данокот на добивка се утврдува и плаќа врз основа на образец „ДД-ДО“, кој се доставува до УЈП во рок 30 дена од денот на престанување на условите за даночно ослободување. Со кликнување на повеќе може да го преземете написот во кој подетално низ примери се осврнуваме на обврската за плаќање на данок на добивка при губење на правото на реинвестирана добивка…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.