Согласно член 32 став 9 од Законот за вршење на сметководствени работи (“Службен весник на РСМ”, бр. 173/22) правните лица со лиценца за работа се должни најдоцна до 31 јануари 2024 година да достават во ИСОС список на лица вработени со нивните звања, со нивен регистарски број под кој се запишани во соoдветниот регистар во Институтот и доказ за годишно осигурување од штета при вршење на професионална дејност.
Полисата за годишното осигурување согласно член 32 став 2 точка 6 од Законот треба да изнесува:
- за ТП – сметководител на износ од минимум 2.000 евра во денарска противвредност по штетен настан,
- за ТП – овластен сметководител на износ од минимум 10.000 евра во денарска против-вредност по штетен настан и
- за Друштво за вршење на сметководствени работи на износ од минимум 20.000 евра во денарска противвредност по штетен настан.
Закон за вршење на сметководствени работи – Службен весник на РСМ, број 173, на 01.08.2022 (ПРЕЗЕМИ)