+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на новините во оданочувањето на доходот од авторски и сродни права согласно новиот Закон за данок на личен доход со тоа што Ви даваме и Табела со пресметани стапки и Ви го објаснуваме начинот на пресметка на данокот при договорен нето износ на надомест за авторски и сродни права…

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе низ повеќе примери се осврнуваме на даночниот третман на другиот доход согласно Новиот Закон за данок на личен доход…

Со кликнување на повеќе може да го симнете написот во кој се осврнуваме на даночниот третман на приходите од закуп и подзакуп согласно Новиот Закон за данок на личен доход…

Даночните обврзници кои во претходната календарска година оствариле вкупен оданочлив промет од вршење на стопанска дејност повисок од 1.000.000 денари имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01) најдоцна до 15 јануари 2019 година.
Во истиот рок, даночните обврзници кои оствариле промет понизок од 1.000.000 денари може доброволно да се регистрираат за целите на данокот на додадена вредност со поднесување на Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01).

Со кликнување на повеќе може да преземете Преглед на пресметани стапки за пресметка на данокот на доход за исплати во НЕТО износ од 1 јануари 2019 година (во PDF)…

Со кликнување на повеќе може да го симнете Написот во кој на 27 страни низ повеќе практични примери се осврнуваме на новините кои ги носи ова законско решение во однос на оданочувањето со данокот на добивка…

Согласно Законот за данок на личен доход објавен во Службен весник на РМ бр.241/18 од 26.12.2018 година, кој започна да се применува од 1 јануари 2019 година, извршено е усогласување на структурите за вид и подвид на приход за поднесување на еППД со прикачување на xml фајл…

Со Службен весник на РМ број 247 од 2018 година објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка. Согласно преодните одредби на измените на Законот за данок на добивка ќе започнат да се применуваат од 1 јануари 2019 година и истите ќе се однесуваат на Даночниот биланс за 2019 година…

Со кликнување на повеќе може да го симнете Написот во кој Ве потсетуваме на новините кои ги носи Законот за данок на личен доход во однос на оданочувањето на физичките лица – граѓани почнувајќи од 1 јануари 2019 година со посебен осврт на новините во пресметката на платата во 2019 година. Исти така со кликнување подолу на преземи може да ја симнете Excel алатката со која ќе може да го утврдите начинот на пресметка на платата од 01.01.2019 година со можност за претворање од Бруто плата во Нето плата и обратно и Ви го даваме и Новиот Закон за данок на личен доход…

Од страна на НБРМ со Одлука број 08-40459/1 од 26 Декември 2018 година објавена е референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата, за периодот од 01.01.2019 година до 30.06.2019 година и изнесува 2,5%. Врз основа на наведеното казнената камата за долг во денари во периодот од 1 Јануари до 30 Јуни 2019 година во облигационите односи помеѓу правни лица е 12,50%, додека во облигационите односи од кои барем едно лице е физичко лице е 10,50%….

Со кликнување подолу на преземи може да го симнете Написот во кој Ви даваме детално објаснување за податоците кои ќе ги содржи пополнетата годишна даночна пријава за 2018 година и сите права и обврски кои ќе ги имаат физичките лица по нејзиното добивање од УЈП. Исто така Ви даваме и насоки како да изгенерирате Извештаи за извршени исплати по различни видови и платени аконтации на персонален данок на доход за физичките лица граѓани кои можат да се изгенерираат од системот е-ПДД…

Од 1 јануари 2019 година согласно член 182 од Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, („Службен весник на РМ“ бр.120/18) забрането е плаќање со готовина на стоки и услуги во износ од 1.000 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги. Од 1 јуни 2019 година, оваа забрана за плаќање со готовина на стоки и услуги ќе се однесува на готовински плаќања, во износ од 500 евра или повеќе во денарска противвредност…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.